Ѕвездена прашина од дното на океанот разреши научна мистерија

Пред помалку од 3 милиони години, масивна ѕвезда експлодирала во нашата галаксија на околу 300 светлосни години далечина од нас.

Како што нашиот сончев систем патувал низ радиоактивните остатоци од ѕвездениот облак останат од експлозијата, дел од таа „ѕвездена прашина“ навлегол низ нашата атмосфера и таа се наталожила врз Земјата.

Сега, едно скорешно откритие од длабочините на нашите океани ни помага да ги поврземе деталите на космичкиот настан кој можеби ја има променето нашата планета пред неколку милиони години.

Во 2004-та, научниците пронашле дел од остатоците на оваа супернова во океанската кора на Тихиот Океан. Но, до сега, тие не можеле да одредат точно пред колку време таа супернова настанала, поради тоа што океанската кора расте екстремно бавно – околу 1 милиметар на милион години.

Во најновата студија научниците успеале да дознаат пред колку време оваа ѕвезда експлодирала, како и колку време му требало на нашиот Сончев систем да патува низ остатоците, а притоа изненадувачки бил фактот што периодот додека тој патувал се совпаѓа со настанот кога поголемиот дел од животот во океаните бил истребен, како и со периодот на глобалното заладување.

За да дојдат до овие резултати, научниците користеле различни типови на седименти од Тихиот Океан кои растат по 10-20 метри секои милион години, во кои барале атоми на радиоактивниот изотоп на железото наречен iron-60 кој не се создава на Земјата и може да биде создаден само во овие масивни, експлодирачки ѕвезди.

Заслужни за неговото зачувување 2.6 милиони години се фамилијата на бактерии кои живеат во океанските седименти од кои растат малечки кристали на магнетит, составени од железо и кислород во нивните клетки. Овие кристали функционираат како малечки магнети кои ги привлекуваат честичките на железо со нано големина кои од атмосферата паѓаат во океаните. Иако бактериите се одамна изумрени, кристалите наречени магнетофосили останале, бидејќи се магнетни.

Користејќи техника која им дозволувала да ги бројат атомите на iron-60 во овие кристали, научниците откриле дека суперновата експлодирала пред околу 2.6 милиони години, а нашиот Сончев систем поминувал низ тој облак 800 000 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...