Прочистување вода со сончева светлина

Разни комбинации од наноматеријали со вода досега имаат создадено интересни можности, меѓу кои: напојување на турбини користејќи водеа пареа од вода која е блиску до замрзнување, делење на водените молекули со вештачка фотосинтеза за да се произведе водороден гас, драматично подобрување на процесот на отстранување на бигор од водата, како и прочистување на вода заразена со микроби на едноставен и евтин начин.



Сега, истражувачи од Stanford University и SLAC National Accelerator Laboratory од Одделот за енергетика на САД, развиле нова метода за прочистување на водата – со наноматеријал кој е способен да убие 99,999 проценти од бактериите за само 20 минути. Овој процес инаку може да трае и до два дена со користење на ултравиолетова (UV) светлина од сонцето како средство за дезинфекција.

Научниците успешно поставиле филмови од молибден дисулфид вертикално на површината на стаклени панели, така што тие можеле да го искористат целиот видлив сончев спектар. Овие ѕидови од молибден дисулфид формирале еден вид на лавиринт врз стаклото, чија форма потсеќа на отпечатоци од прсти. Уредот, кој е со големина колку половина поштенска марка, бил способен да апсорбира 50% од сончевата енергија користејќи го целиот видлив сончев спектар, што ги надминува способностите на сите уреди за прочистување кои функционираат само со UV светлина.

Овој материјал и неговите способности за соларна апсорпција се добро познати на научниот свет, а истражувачите од SLAC и Stanford само додале тенок слој од бакар врз ѕидовите од MoS2, за да се добие фотокатализа кога сонцето допрело до нив. Тоа предизвикало хемиска реакција која произведува реактивна кислородна супстанца која ги убива бактериите, како што е водородниот пероксид.

Материјалот не може да ги уништи сите загадувачи на водата (како што се хемиските), но затоа може да убие три различни видови на бактерии, па дури и одредени вируси.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...