Навиката за кафе е во гените?

Навиката за пиење кафе не е иста кај секого – на некој му е доволна една шолја дневно, додека некои пијат по 5-6, па дури и тие им се недоволни.

Научниците можно е конечно да имаат начин да ја објаснат нашата зависност од кафето. Тие откриле дека одредени генетски варијации, кои влијаат на тоа како телото го обработува кофеинот, може да се одговорни за тоа кој колкава количина на кафе внесува во себе.



Англиски истражувачи од University of Edinburgh откриле дека луѓето со ДНК варијација во генот наречен PDSS2 пијат помалку кафе отколку оние без таа варијација. Хипотезата е дека луѓето со повисоко ниво на овој ген го метаболизираат кофеинот побавно, па така треба да го пијат поретко за да ги имаат неговите позитивни ефекти, т.е чувството на будност и чувствување помалку замор.

Го истражувале генетскиот состав на 370 луѓе од мало село во Италија, кој бил спореден со ДНК-то на 843 луѓе од села од другиот дел на земјата и кај сите кои ја имале PDSS2 варијацијата на генот било утврдено дека пијат помалку кафе. Врз сите учесници била направена и анкета во врска со нивните „кафепијачки“ навики.



Тестот бил реплициран и врз 1731 учесник во Холандија, со скоро идентични резултати.

Потребни се понатамошни истражувања за да се верифицираат наодите, а што повеќе ја знаеме поврзаноста помеѓу кафето и нашата ДНК, толку подобро ќе можеме да се грижиме за сопственото здравје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...