Octobot – прв автономен мек робот

Со години роботиката пробува да користи помеки материјали за изработка на делови, покрај вообичаените метал и пластика. Тим научници од Harvard направиле робот, кој не само што нема никакви цврсти делови, туку е и комплетно автономен.



Наречен Octobot, создаден од Роберт Вуд и Џенифер Левис од Вис Институтот за биолошки инспириран инженеринг, чисто како демонстрација дека е возможно лесно да се изработат сите клучни елементи на еден едноставен мек робот, што претставува основа и за покомплексни дизајни.



Octobot е воглавно 3D печатен, а потоа во телото му се додадени канали кои го контролираат неговото движење. Роботот е пнеуматски, напојуван од гас добиен од хидроген пероксид, т.е горивоо на роботот. Тој ја турка течноста низ неговите екстремитети, кои притоа ги надува. Тука почнува да делува паметно дизајнираната микрофлуидна мрежа на канали, кои овозможуваат кога еден екстремитет спласнува, друг да се надува во предодредена секвенца. Целиот овој процес се одвива без никакво влијание од околината или истражувачите.



Иако ова е екстремно едноставна машина во однос со било кој друг автономен робот, сепак е прва од овој тип. Ова е од особено значење бидејќи меките роботски материјали ќе имаат огромно значење во изработката на автономни уреди кои би се внесувале во човечкиот организам.

Се планира наредната верзија на Octobot да биде способна да плива и да има интеракција со околните објекти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...