Материјал за генерирање електрицитет од светлина и движење

Нов материјал способен да генерира електрицитет од сончева светлина и движење, ќе може да се користи за напојување на вашиот смартфон или смарт часовник додека се движите на отворено.

Истражувачите го направиле овој текстил со ткаење на влакна од пластични соларни ќелии и генератори кои создаваат електрицитет кога се тријат едни од други.



Тие велат дека ткаенината е со дебелина од 0.32mm и е лесна, флексибилна, пропустлива, и за нејзина изработка се употребени ефтини материјали. Таа може да биде интегрирана во облеки, завеси, шатори и сл. , претворајќи ги во енергетски извори кога се изложени на сончева светлина.

За создавање на енергија од движење е „задолжен“ феноменот наречен трибоелектричен ефект – тоа е кога два различни материјали постојано се допираат, и едниот ги собира електроните од другиот при што се создаваат спротивни електрични полнења помеѓу двете површини.

Во новиот хибриден текстил, како трибоелектрични генератори се користат тенки нишки од бакар премачкани со полимер сличен на Тефлонот, додека соларните ќелии се направени со спојување на цинк-оксидни наножици осетливи на светлина со пластични жици обложени со бакар и манган. Потоа, кога текстилот се превиткува, бакарните нишки се тријат од Тефлонските и се генерира електрицитет.



Иако сè уште текстилот не е тестиран на подолг период, истражувачите велат дека производството на електрицитет не опаѓа ни по 500 превиткувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...