Необични нешта кои се случуваат додека летате во авион

Без разлика на тоа дали уживате во патувањето со авион или не, постојат неколку навидум необични нешта кои што му се случуваат на вашето тело додека летате. За време на летот со авион тешко е да ги воочите, но тие и покрај тоа имаат ефект врз вашиот организам.

Чувството за вкус ви се менува

Многупати досега сме слушнале дека авионската храна не е вкусна, но некои истражувања покажуваат дека вашата перцепција за вкусот на храната нема врска со самата храна. Кога летате сувиот воздух во авионот може да предизвика сушење на носната слузница и отекување на мембраните, со што ви се менува чувството за вкус. Освен тоа перцепцијата за слатко или солено се намалува за 30 проценти, па не е воопшто чудно кога мислиме дека храната нема убав вкус.

Воздушниот притисок влијае врз вашите заби

Според истражувањата на доктор Томас.П. Конели, промената во воздушниот притисок за време на летот, може да предизвика појава на мали воздушни џебови во забите кои пак резултираат со болка. Затоа ако ве заболи заб додека сте во авион не грижете се, тоа е само минлива болка.

Кожата ја губи влажноста

Ако некогаш сте се запрашале зошто кожата ви е посува од вообичаено кога сте во авион, не сте единствени. Воопшто не е необично кожата да ја загуби влажноста кога личноста е во ограничен простор каде воздухот рецилкулира. За да го поништите овој ефект пијте многу вода.

Летањето може да предизвика ширење на гас низ телото

Кога авионот се крева од земјата и притисокот во кабината се намалува, често се случува гасови да се прошират низ нашите црева. Флуктуирањето на гасовите во телото може да биде болно и да предизвика надуеност, па препорачливо е да го посетите тоалетот ако имате вакви симптоми.

Поголема изложеност на УВ зраци

Една студија во која биле истражувани случаи на меланом кај стјуардесите и пилотите, покажува дека тие имаат два пати поголеми шанси да заболат од овој тип на рак за разлика од другите луѓе. Зголемувањето на ризикот се должи на тоа што екипажот на авионот повеќе е изложен на УВ зрачење за време на својата работа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...