Алкосинт – пијалак со особини на алкохол што не предизвикува мамурлак

Алкохолот, иако е уживан од многумина, предизвикува полно здравствени ризици и компликации, а глобално неговата злоупотреба е 5-ти по ред водечки фактор за предвремена смрт и попреченост.

Дејвид Нат, професор од Imperial колеџот во Лондон, тврди дека е на добар пат да го реши овој проблем со синтетизирање на Алкосинт – пијалак кој не предизвикува мамурлак, т.е сува уста, гадење, и главоболка, а ги предизвикува истите ефекти во мозокот како и „обичниот“ алкохол. Формулата е патентирана тајна, а професорот тврди дека во оваа негова верзија, една од активните состојки не е дериватив на бензодиазепин (седатив и релаксант), кој го содржеле некои од претходните формули.

Нат вели дека Алкосинтот не го оштетува црниот дроб и срцето, и очекува истиот да го револуционизира јавното здравство и да го замени конвенционалниот алкохол.

Додека кај обичниот алкохол не може да се контролира степенот на пијанство кое ќе го предизвика кај некого, формулата на Алкосинт може да се адаптира за постигнување на максимален ефект, поточно одредена точка на пијанство.

Како и да е, макар и тврдењата на професорот да се 100% точни (што допрва треба да се испита), важно е да се запомни дека Алкосинтот нема да ги сопре останатите начини на кои што пијанството е опасно – возење во таква состојба, лошо расудување, агресија и сл.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...