Човечката еволуција во блиската и далечна иднина

Еве што сè се претпоставува дека ќе му се случи на човештвото, според најразличната научна и шпекулативна литература.

Во наредните:

100 години – развојот на нано и био технологијата, како и генетскиот инженеринг, ќе му овозможат на човекот моќ да влијае на сопствената еволуција и значително да ја прошири својата физичката и сензорна „опрема“. Луѓето ќе можат да имаат „синтетичка телепатија“, оптички инпланти за вештачка реалност, оптогенетички невролошки и антиканцер терапии, како и церебрални подобрувања каде што информациите од мозокот ќе бидат складирани на cloud-от.

250 години – селективната употреба на ектогенезата (развиток на ембриони во вештачки услови, надвор од матката) и технологијата за генетски инженеринг слична на CRISPR, ќе создаде нов тип на човечки род, кој ќе биде комплетно редизајниран со подобрени сетила, подолг животен век, зголемен мозочен капацитет, подобрен имунолошки систем и др. Жените ќе имаат комплетна контрола врз својата плодност, во поглед на тоа кога ќе ги ослободуваат јајце клетките и дали воопшто ќе сакаат да ја овозможат “опцијата“ за оплодување.

500 години – човештвото ќе се справува со невропатски болести кои ќе влијаат на интелектот. Ќе се шират нови форми на Зика вирусот, енцефалитис и сл., за чие справување ќе се користи технологија за едитирање на гени која што ќе ја зголемува интелектуалната моќ на човекот.

1000 години – луѓето би изгледале идентично како и сега, можеби малку поголеми и повисоки, со потенциран сексуален диморфизам (сексот ќе биде исклучиво за задоволство, не и за репродукција). Економската и технолошка еволуција би овозможила планетарни и меѓуѕвездени сонди кои би пренесувале податоци директно во серверите на виртуелниот „светски ум“ преку кој што нашите мозоци би правеле еден вид на „upgrade“ со нови информации

7000 години – човештвото ќе го има подобрено својот геном. Имунолошкиот систем би бил базиран на нанотехнологија и ќе може самиот да се лечи, со што ќе се создаде човечки вид имун на болести, рак и смрт. Архитектурата на животот ќе биде редизајнирана, DNA-то ќе биде заменето со постабилно xDNA, способна да собира многу повеќе информации и која ќе биде отпорна на мутации.

15 000 години – љубопитноста и иницијативата за откривање на нови работи ќе биде изгубена во потрагата по нови форми на задоволство и креирање на виртуелни реалности. И покрај елиминацијата на сите причини за глобалното затоплување, ќе се вратат природните климатски промени кои ќе донесат ново ледено доба.

20 000 години – човештвото ќе конструира специјални градови способни да се справат со леденото доба. Преку генетски инженеринг, ќе се развие нов човечки род кој ќе биде помал, хипер-социјален и хипер-урбан и кој ќе го приоретизира опстанокот.

1.4 милиони години – цивилизацијата која дотогаш сме ја знаеле ќе биде уништена, а човештвото со редуцирани бројки ќе опстојува низ специјално изградените градови. Еволуцијата ќе продолжи во животинското царство, но ќе стагнира кај луѓето, се додека во близина на планетата не се доближи портокаловото џуџе ѕвездата Gliese 710 . Тоа ќе предизвика дожд од комети во Сончевиот Систем, а една од нив ќе ја погоди Аљаска. Голем дел од човештвото ќе исчезне, а дел од преживеаните ќе почнат да се адаптираат на новите услови и на сцена уште еднаш ќе настапи Дарвиновата природна селекција.

4.7 милиони години – преживеаните ќе еволуираат во нови, помалку интелигентни форми. Една од нив ќе биде способна да живее во вода и ќе еволуира во еден вид на хуманоидна фока.

9 милиони години – хуманоидните видови ќе почнат да се движат на 2 екстремитета и ќе почне да им се зголемува интелигенцијата. Античките генетски подобрувања како подобрени сетила, синтетичка телепатија и менталниот „интернет“, т.е поврзаноста на мозоците се веќе перманентни човечки одлики.

9.5 милиони години – цивилизацијата се враќа, планетите се колонизирани со физички форми кои одговараат на нивната околина и во кои се “download“-ирани човечките умови.

50 милиони години – човечкиот род се шири низ галаксијата преку дигитализирани умови. Наносондите кои ќе бараат планети погодни за живот ќе создаваат тела од локалните материјали, во кои ќе биде ставан човечкиот ум.

100 милиони години – човечкиот вид ќе почне да го користи хелиумот од џиновските гасовидни планети за создавање на “мини-сонца“.

1 милијарда години – човечката интелигенција се шири низ Универзумот, луѓето веќе не поседуваат тела од месо и крв – тие се дигитални суштества кои населуваат компјутери со големина на цели сончеви системи.

100 трилиони години – целиот Универзум се состои од  програмабилна материја  и насекаде владее човечката раса. Секоја честичка од материја и енергија е дел од космосот составен од човечката мисла

Омега точка - после немерлив временски период за кој што човештвото постигнало комплетна контрола на сите закони на физиката, глобалниот ум ќе реши дека е време да се расцепи во голем број на помали универзуми, каде што историјата и времето и еволуцијата повторно ќе се одвиваат во бесконечни варијации. Во оваа космичка сингуларност времето и еволуцијата ќе немаат никакво значење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...