Создаден првиот временски кристал

Временски кристал, едноставно објаснето, е објект се движи додека е во неподвижна состојба – идеја предложена во 2012 од теоретскиот физичар и Нобелов лауреат Frank Wilczek.

Сега, тим од научници од University of Maryland успеале да создадат таков кристал – експериментот вклучувал креирање на квантен систем кој еволуирал и на тој начин тие биле способни да ги набљудуваат непознатите (бидејќи досега биле невозможни за набљудување) постојани спонтани прекини во временската симетрија на кристалите.

Тие користеле ytterbium јони кои ги споиле во состојба надвор од нивната рамнотежа, и кои кружејќи едни околу други имале меѓусебна интеракција. Потоа врз нив бил користен ласер кој им го менувал правецот на движење, креирајќи постојано осцилирање.

Резултатите биле изненадувачки – откога дозволиле квантниот систем да еволуира, научниците забележале дека постојаните непрекинати интеракции меѓу јоните се одвивале дупло побргу отколку во оригиналниот период. Бидејќи во тој период немало никаква движечка сила врз нив, единственото објаснување е дека временската симетрија мора да е прекината, дозволувајќи ги новите, подолги периоди. Со други зборови, тие креирале временски кристал.

Временските кристали егзистираат во еден вид на „дупка„ во законите на физиката, бидејќи имаат постојани движена но без потрошувачка на било каква енергија. Но, иако овој процес не троши енергија, не ја ни произведува.

Сепак, за само неколку години, она што се сметало за невозможно и било објаснето само теориски, науката успеала да докаже дека е возможно. Потврденото постоење на временски кристали сега ќе помогне за решавање на проблемите на квантната меморија, и ќе овозможи напредок на квантните компјутери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...