Мозочен прекинувач за самоконтрола

Замислете да сте соочени со класичната дилема во врска со процесот на размислување: дали би земале купче пари што е пред вас веднаш или би почекале да земете уште поголемо купче, но подоцна.

Истражувачите откриле дека нивото на самоконтрола можеби е поврзано со регионот од мозокот кој ни овозможува работите да ги гледаме од туѓа перспектива, тука вклучувајќи ја и онаа од „идните“ нас.

Една студија открила дека кога научниците користеле неинвазивна мозочна стимулација да го узурпираат мозочниот регион наречен „темпоропариетална раскрсница“ (TPJ – temporoparietal junction), луѓето биле помалку способни да ги гледаат работите од туѓа перспектива, или од перспектива на идните нив, и следствено на тоа биле помалку наклонети да ги делат парите со останатите, и повеќе наклонети кон опцијата веднаш да го земат кешот, наместо да почекаат поголема за поголема сума.

TPJ реонот е лоциран каде што се среќаваат темпоралниот и париеталниот лобус (секции на мозокот), и игра важна улога во социјалното функционирање, поточно во нашата способност да ги разбереме ситуациите од туѓа перспектива.

За да дознаат како TPJ е инволвиран во социјалните интеракции и дали ни помага да ги контролираме сопствените импулси кога сме соочени со тешки одлуки, тимот научници врз доброволците вршеле дисруптивна транскранијална магнетска стимулација (TMS) која траела 40 секунди, каде што малечок магнетен навој поставен близу до черепот произведувал слаби електрични празнења во мозокот кои ја инхибирале активноста на TPJ. Потоа во наредните 30 минути на тест субјектите биле давани разни задачи - едната била да одберат помеѓу парична награда (која можела да изнесува помеѓу 75 и 155 Швајцарски франци) само за нив, или награда која можела да се подели подеднакво помеѓу нив и уште една личност; втората била да одберат помеѓу земање веднаш на парична награда помеѓу 0 и 160 Швајцарски франци, или гарантирана сума од 160 франци но по чекање од 3 до 18 месеци; третата била субјектите да размислуваат од перспективата на еден аватар, и да ја индицираат бројката на црвени точки кои тој аватар би ги гледал.

Субјектите на кои им бил инхибиран TPJ регионот во поголем број решавале да не ги делат парите, туку веднаш да ги земат без да чекаат за поголема (и сигурна) сума, а на истите им било и потешко да ја замислат перспективата на аватарот.

Резултатите сугерираат дека TPJ игра важна улога во заземањето на туѓа перспектива, што е основен социјален механизам кој има улога и во самоконтролата, бидејќи тогаш ги „премеруваме“ потребите и желбите на „сегашните“ нас со потребите и желбите на „идните“ нас. Ова исто така може да има важни импликации во ситуации кога луѓето се борат со самоконтролата, како што е случајот со зависниците од дроги.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...