Ново оружје против бактерии

Неколку скорешни студии покажале како бактериите можат лесно да се адаптираат и да развијат имунитет на антибиотици, а една од нив предвидува дека доколку не се направат нови антибиотици, бактериските инфекции ќе убијат 10 милиони луѓе до 2050-та година.

Како решение за ова, научниците ги гледаат антимикробните пептиди, протеини способни да убиваат бактерии и други микроби (вируси и габи)

Тим истражувачи од МИТ, Универзитетот од Бразилија и Универзитетот од Британска Колумбија создале дополнување на овој протеин, создавајќи синтетички пептид наречен Clavanin-MO, кој што може да убие многу типови на бактерии, дури и оние отпорни на антибиотици.

Природно создадените антимикробни пептиди навлегуваат низ клеточните мембрани на нивните цели и им ја нарушуваат утробата, вклучувајќи ги нивните протеини, DNA и RNA. Тие исто така ги „регрутираат„ леукоцитите кои излачуваат хемикалии кои ги убиваат микробите – нешто што традиционалните антибиотици не можат да го направат, а исто така и ги потиснуваат хиперактивните воспалителни реакции кои резултираат со сепса.



Clavanin-MO ги подобрува способностите за убивање на бактериите благодарејќи на додадената секвенца од 5 амино киселини кои ги прават по хидрофобични. Тестови вршени врз глувци покажале дека Clavanin-MO може да ги убие нишките од бактеријата E.coli и стафилокок, кои се екстремно отпорни на антибиотици.

Сега засега истражувачите сè уште се трудат да разберат што го прави овој супер пептид по ефикасен од оној природниот, а работат и на унапредување на синтетичкиот Clavanin-MO. Откога ќе стане доволно усовршен за човечка употреба, може да работи индивидуално, како и во тандем со традиционалните антибиотици.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...