Пронајдени делови од позната изгубена нуклеарка од 50-тите

По се изгледа, на океанското дно на западниот брег од Канада пронајдени се остатоци од првиот нуклеарен уред кој бил изгубен во 50-тите години од минатиот век.

Таканаречената „Изгубена Нуклеарка“ морала да биде исфрлена од US B-36 бомбардер за време на симулација во 1950, откога моторите на авионот почнале да откажуваат. Неговите остатоци биле пронајдени во 1953, но бомбата ја немало никаде.

Сега, комерцијалниот нуркачот Sean Smyrichinsky, додека барал морски краставици (иглокожни животни) во близина на островот Пит, на дното на океанот нашол чуден објект за кој што прво помислил дека е дел од летачка чинија, но подоцна му сугерирале дека најверојатно се работи за изгубената бомба.

Таа инаку припаѓала на летот 44-92075 на Американските Воени Сили, кој пред да слета во Тексас, требало да симулира бомбардирање врз Калифорнија, на 13 февруари 1950.

За потребите на симулацијата, бомбата од типот Mark 4 не била наполнета со плутониум, туку со мешавина од олово, природен (не збогатен) ураниум, и TNT. Како таква, била способна само за конвенционална експлозија базирана на TNT, но не и за нуклеарна детонација.

Бидејќи претставувала огромен ризик за околината доколку авионот се срушел заедно со неа, неговата екипа ја исфрлила врз океанот и ја детонирала уште додека била во воздух, а потоа го напуштила бомбардерот кој удрил во планина на 300км раздалеченост од местото на испуштањето.

Сè уште нема официјална потврда дали остатоците што ги пронашол нуркачот се од оваа позната бомба, но тој тврди дека ги споредил со фотографиите од Mark 4 кои ги пронашол на интернет, и е убеден дека се работи за истата.

Дали тоа е навистина така, ќе се знае за неколку недели откога бродот кој е испратен од

Канадската Морнарица со цел да ја истражи ситуацијата ќе ја заврши својата мисија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...