Електричен завој од NASA за побрзо лекување рани

Со помош на нова технологија произлезена од програмата за трансфер на технологија на NASA, произведен е тип на полимерски завој кој кога е наполнет со електрицитет, го забрзува заздравувањето на човечкото ткиво.

Материјалот е направен од PVDF, односно polyvinylidene fluoride, термопластичен полимер кој може да генерира електрично празнење како одговор на извршен механички стрес врз него. Креаторите Mia Siochi и Lisa Scott Carnell го синтетизирале завојот користејќи процес наречен electrospinning, каде полимерски влакна со нано-дебелина се креирани користејќи електричен набој.

PVDF завоите имаат огромен потенцијал за лечење на луѓето, бидејќи, природно, човечкото тело генерира одредена волтажа низ ткивата која ги „турка нанапред“ клетките кои служат за нивно заздравување, наречени кератиноцити. Инаку, електричното поле на завојот се активира само со температурата на телото.

Ваквите завои во иднина би биле дел од секое домаќинство и би нуделе ефикасен третман за рани, а во најлош случај доколку веднаш се аплицираат на посериозна рана, ќе ги намалат шансите за понатамошна нејзина компликација додека не се изврши интервенција од стручни лица од брза помош или болница.

Понатамошно развивање на материјалот ќе биде од исклучителна корист при ранување на астронаути во вселената, војници на бојно поле, пациенти врз кои се врши операција, и во многу други ситуации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...