Човечкото тело буквално свети

Кога ќе се спомне биолуминисценција, првата асоцијација е рибата позната како anglerfish , која живее во најголемите океански длабочини и преку милиони бактерии создава светлина пред нејзината глава, со чија помош лови.

Но, што е со луѓето?

Според студија направена од Јапонски истражувачи уште во 2009-та, човечката биолуминисценција во видливата светлина постои – само што е преслаба за да нашите очи ја забележат, бидејќи нејзиниот интензитет е 1000 пати помал од осетливоста на човечкото око.

Тимот истражувачи дошол до ова чудно откритие користејќи супер-осетливи камери со кои набљудувале 5 здрави машки доброволци, по 20 минути на секои 3 часа, затворени во соба без присуство на светлина 3 дена по ред.

Тие откриле дека учесниците “сјаеле„ преку целиот ден, а најсјајните точки се појавувале околу челото, вратот и образите во доцните попладневни часови. Најслабата биолуминисценција била снимена доцна во ноќите.

Она што се гледа на сликите не е инфрацрвена радијација предизвикана од топлина, иако изгледа како слика од термална камера, туку тоа се сигнали од фотони, т.е светлосни честички.

Овој феномен е предизвикан од несаканото дејство од нашиот метаболизам, поточно резултат на високо реактивни слободни радикали (атоми или молекули со неспарени електрони) произведени преку респирацијата на клетките во интеракција со слободните липиди и протеини. Овие молекули потоа реагираат со флуорофорите, кои емитираат фотони кои го предизвикуваат сјаењето.

Истражувачите сметаат дека главите на партиципантите сјаеле најмногу поради тоа што тој дел од телото е најмногу изложен на сончева светлина, што влијае на меланинот во кожата и ја предизвикува светлечката реакција подобро отколку во другите делови на телото.

Хипотезата дека ова е поврзано со метаболизмот ја потврдува и фактот што светењето е појако во попладневните часови кога трошиме, т.е согоруваме најмногу енергија.

Во иднина, оваа техника би можела да се користи за скенирање на телото за да се провери дали некаде има повисоки нивоа на сјаење, што би индицирало можни медицински состојби кои се манифестираат со промени во метаболизмот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...