По 40 години декодирано тајно руско биолошко оружје

Во април 1979-та, мистериозно биолошко оружје се ослободило од една лабораторија во Советскиот Сојуз, убивајќи најмалку 66 луѓе и непознат број на животни.

Скоро 40 години подоцна, истражувачите конечно го секвенцирале геномот на бактеријата која стои позади овие смртни случаи, потврдувајќи дека се работи за нишка од бактериум кој предизвикува антракс инфекција, наречен Bacillus anthracis, кој бил модифициран од Советските научници.

Иако Студената војна одамна е завршена, опасноста од биолошко бојно поле сè уште постои, а сега кога истражувачите ја имаат генетската секвенца на оваа нишка од антракс, тие ќе бидат способни да ја идентификуваат смртоносната бактерија доколку некогаш пак се ослободи.

Во времето кога се случил овој инцидент, смртоносната нишка од антракс била складирана во тајна лабораторија наречена Compound 19, близу до градот Sverdlovsk, денес познат како Ekaterinburg. Но на 2-ри април 1979-та, модифицираната бактерија избегала како резултат на филтри за воздух кои биле заменети, и не биле правилно реинсталирани. За една недела, најмалку 66 до 105 луѓе умреле.

Доколку тој ден ветерот дувал кон центарот на градот, илјадници, па дури и стотици илјади луѓе би можеле да бидат усмртени.

Тогашните власти како причина за тоа го посочувале месото кое се продавало на црниот пазар, но во 1994 истрага водена од Harvard University покажала дека вистинската причина биле антракс спори од лабораторијата. Но тогаш научниците не биле способни да го секвенцираат DNA-то на биолошкото оружје, и немало поим како Советските научници ја модифицирале бактеријата.

Добрите вести се што обичниот антракс сега може да се третира со антибиотици, па дури има и вакцина против него.



Но за време на Студената војна, Советите работеле на нишка која би била отпорна на антибиотици и би можела да ја избегне и заштитата од вакцината. Кога истражувачите ја споредиле новооткриената нишка со фамилијарното дрво на останатите антракс нишки, откриле дека таа била исклучително близок “роднина“ со оригиналната нишка од вакцините.

Тоа значи дека е возможно да нишката од вакцината била толку опасна, што истражувачите не требало претерано многу да ја модифицираат за да ја направат исклучително заразна и смртоносна

Има гласини дека Советите на сличен начин модифицирале и други бактерии, и дека ваквите биолошки оружја и ден денес се „маткаат„ по лабораториите во Русија – иако теоретски лабораториите од типот на Compound 19 биле затворени уште во 1975-та, по Интернационалната конвенција за биолошки оружја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...