Вонземјаните најверојатно се роботски дигитални форми

Потрагата на човештвото по вонземски живот секогаш била базирана на нашето сопствено искуство со живите форми, барајќи светови со слични карактеристики какви што ги има Земјата. Но, Сет Шоштак, кој е астроном од SETI, верува дека тоа ја ограничува нашата потрага по интелигентен живот во универзумот.

Тој вели дека потрагата треба да ја прошириме да вклучува и самосвесни вонземски машини, бидејќи додека ние ги детектираме и имаме интеракција со нив, тие веќе би имале создадено развиени технологии како вештачката интелигенција (AI).

За да ја сфатиме неговата поента, треба да погледнеме во сопствените технолошки достигнувања.

Технологијата постојано се развива, и многумина сметаат дека развивање на супер интелигентна AI машина не е прашање дали, туку кога ќе се случи. Според него, кога веќе сме можеле да развиеме AI неколку стотици години по измислувањето на радиото, зошто тогаш вонземјани кои се развивале којзнае колку илјадници или милиони години не би можеле да го сторат истото.

Доколку вонземјаните навистина се „отарасиле„ од нивните биолошки тела и превземале дигитални форми, тогаш треба да ги бараме во региони “привлечни“ за дигиталните форми на живот – како што се енергетски богатите центри на галаксии, или региони каде што се наоѓаат многу минерали.

Токму поради ова напорите кои ги вложуваат здруженија како SETI (Search for Extraterrestrial Intelligence) се со исклучително значење – тие не бараат само светови на кои би бил можен живот, туку било какви (можеби за нас непојмливи) сигнали за постоење на секаков тип на живот во универзумот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...