Нов вид на најлонски мускули

Научници развиле нов тип на вештачки мускулни влакна базирани на најлон, кој еден ден може да овозможат на роботите да изгледаат пореалистично отколку досега.

За разлика од некои други синтетички мускули, оваа нова технологија е евтина и едноставна за продукција.

Роботски мускули базирани на најлон биле правени и претходно, но овој пат истражувачите од MIT развиле нова техника за формирање и загревање на влакната што на мускулите им давало поголем распон на превиткување и контракции.

За да системот работи, бил искористен обичен рибарски најлонски конец кој бил компресиран, така што пресекот му бил коцкаст наместо округол. Потоа, со комбинација од електрично отпорно греење, хемиски реакции и ласерски зраци, истражувачите успеале да го придвижуваат од страна до страна, циркуларно, и во форма на бројката 8.

Превиткувањето било предизвикано од природната тенденција на најлонот чии влакна се движат во ист правец да ја намалува должината но да се шири во дијаметар, кога е изложен на топлина.


Истражувачите исто така откриле дека кога само една страна од влакното била загревана, контракциите биле побрзи, а според иницијалните тестирања, новите најлонски влакна биле способни за 17 циклуси на превиткување и ретракција во секунда, и најмалку 100 000 циклуси во целина.

Користењето на ваков тип на технологија би одело и понатаму од роботи како од серијата Westworld, бидејќи природно флексибилен мускулен материјал како овој еден ден би се употребувал во биомедицински уреди, екстерни панели во возилата кои би овозможувале возилото само да се адаптира кон по аеродинамична форма, па дури и во облеки кои би можеле да ја превземаат формата од телото за да стојат што подобро.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...