Неочекувано однесување на вода во јаглеродни наноцевки

Сите знаеме дека водата (кога сме на 0 надморска височина) зоврива на 100°C, а истражувачите по долги опсервации имаат заклучено дека во исклучително затворени простори точката на зовривање се менува, и обично е пониска за неколку степени.

Но сега, тим истражувачи за прв пат покажал дека вода затворена во јаглеродни наноцевки – едни од најтесните простори на земјата – се однесува сосема невообичаено. Наместо да зоврива на пониска температура, водата успевала да замрзне на температури далеку над точката на вриење.

Мајк Страно од MIT, водачот на овој експеримент, вели дека ефектот е многу поголем од очекуваниот, и дека штом течноста е затворена во нанопростор, може да и се дисторзира фазното однесување, т.е начинот на кој водата се менува помеѓу цврстата, течна, и гасовита состојба.

Инаку, очекуваниот ефект бил тесниот простор би ја намалил точката на замрзнување за некои 10°C, но се испоставило дека во јаглеродните нанотуби водата замрзнувала на температури над 105°C.

Што се случува внатре во тубите што го предизвикува ова? Никој точно не знае.

Прво, имајте в предвид дека дијаметарот на овие туби се мери со нанометри, т.е билионити делови од метарот. Штом водата била во нив, истражувачите ја користеле техниката наречена вибрациска спектроскопија, која им овозможувала да измерат колку водата се придвижува и да одредат во која состојба е (гасовита, течна, или цврста).

Тимот открил дека дури и разликата помеѓу дијаметарот на нанотубите од 1.05 и 1.06 нанометри, предизвикувала варијации на точката на мрзнење во десетици °C, и дека она што се создало не било баш лед, туку состојба слична на лед.

Откога повеќе ќе се истражи, оваа технологија со јаглеродните наноцевки би можела да се користи за изработка на „ледени жици“ кои би биле стабилни на собна температура, но би имале уникатни електрични и термални карактеристики на ледот – како што е можноста да пропуштаат протони најмалку 10 пати побрзо отколку другите кондуктивни материјали.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...