Научниците на чекор од сеќавањата од раното детство

Како што е познато, мемориите од раниот период на нашите животи се непристапни кај повеќето луѓе.

Помеѓу 2-рата и 3-тата година, почнуваме да ги развиваме моторните вештини и учиме како да комуницираме, па дури почнуваме и да разбираме што ни се допаѓа, а што не. Она што го искусуваме во оваа фаза значително влијае на нашето однесување како возрасни, но зошто не сме во состојба да се сеќаваме на овие случувања како и на останатите мемории од подоцна во животот?

Овој феномен е наречен инфантилна амнезија, а научниците шпекулираат дека причина за него е брзиот раст на нови неврони во таа фаза од животот, кој можеби влијае врз начинот на кој што мемориите се складираат, со тоа што ги „брише“ постарите.

Глувци стари 17 дена (со развој еквивалентен како кај човечките новороденчиња) ја делат истата состојба, која научниците почнале подлабоко да ја студираат. Тие откриле дека иако младите глувци со употреба на шокови препознавале одредени секции на кутија, таа меморија ја снемувало за еден ден, додека кај постарите глувци меморијата на шокот траела повеќе. Но, вистински тригер би можел да предизвика младите глувци да се присетат на шокот, што имплицира дека не ги губиме мемориите, туку дека тие се складирани некаде длабоко во мозокот.

Научник од Њујорк Универзитетот хипотезира дека овие латентни мемории се можеби одговорни за „непријатните денови“ кои ги искусуваме како возрасни и кои можеби се резултат на активирање на некои непријатни сеќавања.

Кога биле споредувани мозоците на младите и старите глувци, исто така биле откриени неколку протеини кои се зголемувале или намалувале во нивниот хипокампус. Овие промени биле предизвикани од учење, а не од време – а еден специфичен протеин наречен BDNF можел да ги заштити мемориите на младите глувци.

Хипотетички, овој процес би можел да се искористи и врз луѓето за да се спречи губитокот на сеќавањата од раните години, а тимот сака да открие како истиот би можел да се искористи за блокирање на трауматски мемории.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...