Како компанијата на Елон Муск го гради нивниот екосистем на одржлива енергија?
1) Ќерамиди кои овозможуваат колекција на соларната енергија
Новите соларни кровни ќерамиди на Тесла имаат голема шанса да ја „променат играта“ во трката за искористување на моќта на Сонцето. Тие се поиздржливи од сегашните глинени плочки, па дури и од оние од шкрилец, и овозможуваат соларна покриеност на ненападен начин. Тие доаѓаат во 4 разни дизајни кои визуелно потсеќаат на сегашните материјали кои се користат за изработка на ќерамиди. Соларните плочки користат слоевит систем, со високо ефективни соларни ќелии покриени со калено и обоено стакло.
2) Powerwall 2 батерии
Втората генерација на Powerwall батериите имаат дупло поголема моќност од претходната – се работи за компактна батерија од 14 kWh со вграден инвертер, способна за складирање на вишокот соларна енергија и за обезбедување доволно моќ за трособна куќа за цел ден.
3) Tesla Model 3
Со енергијата собрана преку соларниот кров и складирана во Powerwall 2, многу лесно ќе може да се наполни најновиот модел Tesla автомобилите, Model 3 кој треба да почне да се произведува во 2017-та. Покрај импресивниот домет од 345 километри со едно полнење на батеријата, овој модел ќе има вградено и технологија за автономно возење и одбранбен систем против биолошки оружја.