Дали би носеле кожа од печурки?

Стартап компанијата MycoWorks користи габи за изработка на материјал кој е замена за кожата, преку процес кој не само што е брз туку е и евтин.

Фил Рос, главниот техничар од MycoWorks, собирал и растел печурки уште од 1980-тите. За тој период, тој открил многу можности кои произлегувале со манипулирање на условите за растење на мицелиумот на печурките – тоа се влакната слични на пајакова мрежа кои се шират низ почвата или ѓубрето и од нив ги собираат хранливите материи.

Печурките биле растени и хранети со агрикултурен отпад како струготини или пченкарни кочани, а за време на нивниот развиток биле менувани условите како влажноста на воздухот, експонираноста на светлина и температурата, со што тие се „прелажувале“ да растат на различни начини, со различни текстури и варирачка издржливост. Дури бил развиен и материјал доволно цврст да се користи како столче.

Компанијата моментално користи Ganoderma lucidium, позната и како реиши печурка, која често се користи во азиските природни лекови и чаеви и која е докажано безбедна за јадење, но и за аплицирање врз човечката кожа.

За, на пример, кравјата кожа да „стаса“ т.е доволно да созрее за да може да се култивира, потребни се околу 2 години, додека на оваа од печурки потребни и се само 2 недели. Во поглед на ресурсите, таа исто така не бара многу, во однос на просторот, храната и сè останато што е потребно за производство на кожа од животни.

Од компанијата се надеваат дека овој материјал ќе почнат да го употребуваат и останатите индустрии и дека во иднина ќе биде адаптиран не само за производство на вештачка кожа, туку и за материјали кои би биле замена за дрвото и пластиката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...