Рибите стануваат отпорни на токсичен отпад

Истражувачи откриле риба која живее на источниот брег во САД која еволуирала да биде 8000 пати поотпорна на токсичниот отпад, во споредба со останатите „нормални“ риби.

Рибата кили е позната по тоа што живее во загадени води, а научниците сега докажале дека таа е способна да ги преживува благодарејќи на екстремна мутација.

Нивото на мешавината од диоксини, PCB (полихлориниран бифенил) и тешки метали во овие води било околу 8000 повисоко од она кое би предизвикало смрт кај повеќето кили риби, а оние кои живееле во нив и биле извадени за тестирање, немале никакви физички разлики во однос на другите – но затоа нивната генетика е сосема друга приказна.

Тимот истражувачи собрале над 400 риби од тешко загадени води од источниот брег на САД, и кај сите откриле слични мутации во истите гени. Овие мутации ги исклучувале молекуларните патишта кои предизвикуваат оштетувања во клетките засегнати од токсините, со што ги правеле имуни на нив.

Предноста која кили рибите ја имаат во однос на другите видови на риби е тоа што нивните гени се исклучително разнолики, овозможувајќи им да преживеат голем број на мутации се додека не се појави „добитна комбинација“ која ќе им го овозможи тоа.

Но, адаптирањето на нивните токсични домови имало и своја цена – секоја популација била редуцирана во разноликоста и станала уште по специфична сорта сама по себе. Исто така не се знае какви последици ова ќе има по предаторите кои се хранат со овие риби, т.е како, дали, и колку ќе влијае големата концентрација на тешки метали и PCB во нив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...