Прва снимка од дух-ајкула

Оваа врста на ајкули изгледа како да е излезена од хорор филм – телото и е бледо и изгледа како да е направено од сошиени парчиња месо. Позната е по тоа што има репродукциски органи на челото и досега од неа не постоела видео снимка.

Првата од овој вид е идентификувана од научниците од Истражувачкиот институт од аквариумот во заливот Монтереј (MBARI) и востановено е дека се работи за видот Hydrolagus cf. trolli, т.е сина химера. Химерата, инаку, е риба која се одвојува од ајкулите во еволутивното дрво пред околу 400 милиони години и од тогаш навака е изолирана како вид.

“Сf” во името индицира на тоа дека физичките карактеристики се скоро идентични со официјалниот опис на видот Hydrolagus trolli, но без ДНК доказ, научниците не можат да бидат сигурни, а постои можност и да се работи и за сосема нов тип на дух-ајкула. Земањето на ДНК примерок би било исклучително тешко, бидејќи овие риби се големи, брзи и премногу агилни за да бидат фатени со подводните возила.

Снимката всушност датира уште од 2009, но дури сега е објавена во јавноста.

Дух-ајкулата живее на океански длабочини од околу 2,6km, има фиксна вилица (за разлика од забите кои постојано се менуваат кај обичните ајкули), и длабоки жлебови на телото кои ја прават да изгледа како да е составена од парчиња месо сошиени едни со други, за кои се смета дека содржат сензорни клетки кои и помагаат да детектира движења во скоро целосно темните длабочини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...