Откриен подземен антички град во Грција

Археолозите пронашле остатоци од антички град во Грција наречен Vlochós, на околу 560km северно од Атина.

2500 години стариот град бил закопан на врв на ридот во централа Грција, и до сега не бил забележан бидејќи се мислело дека тоа се остатоци од малечко село без некое поголемо археолошко значење. Локацијата му е на врвот на 215m високиот рид Strongilovoúni, а откога бил откриен, локацијата веднаш почнале да ја истражуваат тимови од Универзитетот од Гетеборг, Шведскиот институт од Атина, и VLAP (археолошкиот проект Vlochós).

На површината биле откриени докази за постоење на кули, ѕидини и градска порта, а за да гледаат што се крие во длабочините на ридот, тие користеле радарски системи кои навлегувале низ почвата и со кои биле пронајдени докази за постоење на градски плоштад и многу поголема урбана раширеност отколку што претходно се мислело.

Реонот внатре во градските ѕидини имал површина од над 40 хектари, а тимот археолози се надева дека ќе продолжат да го користат радарот за истражување на градот, без да ги откопуваат остатоците со што ќе ја задржат околината недопрена.

Исто така биле пронајдена античка керамика и ковани пари кои можат да помогнат да се процени староста на градот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...