Пронајден начин за отстранување на последиците од стареењето

Научниците постојано изучуваат како стареењето влијае на клеточно ниво, и дали тоа може да се запре или неговите последици да се отстранат.

Истражувачите од Салк институтот се занимаваат токму со второво – тие ја истражуваат можноста преку реплицирање на условите слични на оние во матичните клетки на гените кои обично се поврзани со ембрионската фаза на развој, да ги отстранат знаците кои стареењето ги остава врз клетките.

Истражувачите успеале да постигнат подмладување на клетките со нивно репрограмирање кое ги активирало експресиите на 4 гени познати како „Јаманака фактори“. Овој процес ги конвертира клетките во iPSC (индуцирани плурипотентни матични клетки) кои се способни да се претворат во било каков вид на клетка и бесконечно да се двојат.

Резултатите биле исклучително позитивни – човечките кожни клетки во Петриев сад изгледале и се однесувале „младо“, а глувци кои боледувале од болест која предизвикува предвремено стареење биле „подмладени“ со 30% зголемување на животниот век.



Ваквите iPSC клетки не секогаш делуваат позитивно, особено кај возрасните личности – постојаното делење на клетките е однесување слично на она на разните канцери, и наглото „подмладување“ на клетките може да резултира со откажување на органи.

Тимот истражувачи ја тестирал оваа техника на ретката генетска болест наречена прогерија, од која може да боледуваат и луѓето и глувците, што резултирало со индуцирање на Јаманака факторите со кратко времетраење, што било доволно да се модифицираат епигенетските маркери што резултирало со одржување на идентитетот на клетките (кај заболените од оваа болесто) со истовремено отстранување на дел од последиците асоцирани со стареењето.

Целиот овој процес мора да биде тестиран пред да се започне со негова употреба врз луѓето, а истражувачите од Салк институтот предвидуваат дека ќе бидат потребни околу 10 години додека тоа се случи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...