Дали е возможно да се изгради Ѕвездата на смртта од „Ѕвездени војни“ ?

Многу малку оружја за масовно уништување се иконски како “Ѕвездата на смртта“ од серијалот „Ѕвездени војни“ – која е оклопна вселенска станица со доволно моќ да уништи цела планета.

Секој од нас барем еднаш се запрашал дали воопшто е возможно едно вакво оружје навистина да се изгради, уште од првиот филм од серијалот кој ја имаше премиерата во 70-тите.

Според Брајан Мурхед од NASA, кој работи како главен инженер во Jet Propulsion Laboratory, изградбата на “Ѕвездата на смртта“ би требало да започне на некој астероид, поради тоа што тој би обезбедил разни метали и органски состојки потребни за нејзина изградба.

Род Пајл, научен автор, исто така се согласува дека нејзиното постоење би било возможно, но доколку не сме во можност металите да ги ископуваме од астероиди и мора да ги праќаме од Земјата. За изградбата на “Ѕвезда на смртта“ со големина колку Месечината, атмосферата на земјата би се загадила до тој степен што планетата би станала непогодна за живот. Ѕвездата исто така би била претешка за да остане во ниската орбита без никаква форма на погон, за кој што би требала значителна количина на ракетно гориво.

Способноста, пак, на “Ѕвездата на смртта“ да испукува ласерски зрак со кој што би се уништила цела планета би побарувала над милијарда пати повеќе моќ отколку што има најмоќниот ласерски зрак на Земјата.

Крајниот одговор би бил – тоа сè уште не е возможно. Не дека немаме технологии потребни за таа да се изгради, но повеќето од нив се сè уште во раните фази на нивното постоење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...