Евтин извор на енергија: Батерија напојувана од бактерии

Научници развиле батерија на парче хартија која се напојува од бактерии, за која велат дека може да биде ефтин извор на енергија кој лесно би се произведувал и би се користел во медицинските сензори, особено во далечните региони кои се подалеку од цивилизацијата.

Овој тип на батерии се познати како био-батерии, и моќта ја генерираат од органски соединенија – во овој случај, од вообичаените бактерии кои се наоѓаат во отпадните води. Хартиениот дизајн е дел од новото истражувачко поле наречено “papertronics”, т.е „хартија-троника“, фузија помеѓу хартијата и електрониката.

За да ја направат батеријата, истражувачите поставиле лента од сребро нитрат на парче хроматографска хартија (која може да раздвојува разни хемикалии и супстанци), и ја премачкале со тенок слој восок за да креираат катода – позитивната електрода на батеријата.



На другата страна од хартијата, тие направиле резервоар од кондуктивен полимер, кој се однесува како анода (негативната електрода), и кој се исполнува со неколку капки од отпадната вода која содржи бактерии. Кога хартијата е превиткана така да катодата и анодата доаѓаат во контакт, батеријата се напојува од бактерискиот метаболизам, процес познат како целуларна респирација.

Моќноста зависи од количината на хартијата и како е превиткана, а за да се генерира доволно моќност да се напојува една сијалица од 40 вати, би биле потребни милиони хартиени батерии. Тоа значи дека технологијата ќе треба значително да се усоврши со цел со неа да се напојуваат конвенционалните електронски уреди, но ваква каква што моментално е, е доволна да напојува едноставни биосензори како што се оние за мерење на нивото на гликоза во крвта кај дијабетичарите, или за детектирање на патогени тела кај пациенти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...