Наночестички како противотров при каснување од змија

Секоја година, повеќе од 100 000 луѓе ширум светот умираат од каснување од отровна змија. Од змии се каснати околу 4.5 милиони луѓе, од кои скоро 3 милиони имаат посериозни последици од повредата, како што е ампутацијата.

Бидејќи отровот содржи мноштво различни токсини кај секоја врста на отровна змија, од исклучителна важност е правилен противотров да биде даден на жртвата на време. Ова е особено тешко во деловите на светот поради разни причини – недостапност или далечина на локацијата каде што се случил инцидентот, недостаток од фрижидери за складирање, како и високата цена на производство на конвенционалните противотрови.

Тим хемичари од Универзитетот во Калифорнија, Ирвин, кои веќе имале дизајнирано наночестички кои се поврзуваат со токсинот во отровот од пчелите и го отстрануваат од крвта, сега ја искористиле технологијата како почетна точка во борба против змијскиот отров. Но овој пат, наместо да се поврзат со еден вид на токсин, тие создале наночестички кои потенцијално можат да отстранат повеќе токсини истовремено, како и да се борат против отровот од повеќе врсти на змии.

Истражувачите ја таргетирале специфичната група на токсини наречена PLA2 протеини, за што биле создадени честички со разни хемиски функции кои биле аранжирани во разни конфигурации и инкубирани во разни PLA2 протеини. Оние кои најдобро се врзувале со протеините биле користени како основа за наредните рунди на инкубација. На овој начин се развиле наночестички кои можат да се користат врз мноштво штетни протеини.

Потребни се понатамошни тестирања дали наночестичките ќе функционираат како што треба, а доколку резултатите се успешни, тоа значи дека на пазарот ќе биде достапен многу поефтин противотров кој нема да има потреба да се чува во фрижидери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...