Дали луѓето би преживеале зомби апокалипса?

Студенти физичари пресметале колку би истрајале луѓето во случај на зомби апокалипса, а резултатите се прилично депресивни.

Студијата сугерира дека после само 100 дена (нешто над 3 месеци), помалку од 300 луѓе би останале живи на целата планета, кои би биле соочени со милиони зомбија – што значи дека шансите за опстанок би биле нула.

Добрите вести се тоа што во последователна студија, студентите покажале дека колку луѓето убиваат повеќе зомбија, толку им се подобруваат шансите за опстанок и за правење потомство – па така, човечката популација би можела да почне да се обновува по околу 27 години.

Истражувањата биле направени од студенти по физика од Универзитетот во Леичестер како дел од годишната вежба која ја тестира нивната способност да ја применат науката во хипотетички сценарија во вистинскиот свет.

За да стигнат до резултатите кои ги опишавме, тие прво морале да имаат параметри во врска со инфекцијата која луѓето би ги претворала во зомби – така да тргнале со претпоставката дека едно зомби би можело да пронаоѓа еден човек дневно, со 90% шанса да го инфицира со зомби вирусот.

Потоа го користеле епидемиолошкиот модел наречен SIR за да мапираат како болеста би се ширела – користејќи го моделот, ја поделиле човечката популација во три категории: население кое може да се зарази (S) , зомбија (Z) и мртви (D), со животен век на зомбијата кој оди од S до Z до D.

Со помош на моделот, тие потоа анализирале колку често зомбијата би доаѓале во контакт со неинфицираните луѓе и која била шансата да ги заразат, со цел да проценат колку од луѓето би преживеале.

Резултатите покажале дека по 100 дена би останале само 273 незаразени луѓе на планетата, секој од нив соочен со по милион зомбија (по човек). Со овие резултати, човечката врста би опстанала помалку од една година.

Последователната студија каде што како фактор се земал и фактот дека луѓето би се усовршувале во убивање зомбија, би избегнувале да бидат инфицирани и би раѓале бебиња, покажала дека би биле потребни околу 1000 дена (нешто помалку од 3 години), за човечката популација да ги истреби сите зомбија, а потоа уште 25 години за да почне видливо да се опоравува од нападот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...