Техника за набљудување на внатрешноста на живи клетки без да се оштетат

Научници од групата за оптика и фотоника од инженерскиот факултет при Универзитетот во Нотингам развиле нова техника која им дозволува да гледаат во внатрешноста на живите клетки во размер кој претходно не можел да се постигне и тоа без да ги оштетат. Тоа се должи на користењето на звук наместо светлина, техника која ги надминува сегашните ограничувања кои ги има микроскопското снимање.

Новата техника може да се опише како високо специјализиран ултразвук. Високата фреквенција на звучните бранови од машината патуваат низ примерокот додека не удрат во некоја пречка, и се рефлектираат. Потоа, тие рефлектирани бранови се собираат со сонда и се анализираат, а времето кое било потребно на звучниот бран да патува назад до сондата се користи да се пресмета дистанцата на пречката во која удрил, и добиените податоци се користат да се создаде 3D слика на примерокот.

За набљудување на внатрешноста на живите клетки, звукот нуди значајни придобивки во споредба со светлината, бидејќи фотоните на светлосните зраци со кратка бранова должина во себе имаат толку многу енергија, што на крај го компромитираат примерокот кој се испитува. Звукот ги нема овие ограничувања бидејќи има мала енергија дури и при исклучително кратки бранови должини. Исто така, оптичкото сликање во висока резолуција користи бои кои често пати се токсични и влијаат на живите клетки кои се испитуваат.

Ултразвукот не ги оштетува клетките, нити побарува токсични хемикалии за да функционира, така што овозможува набљудување на внатрешноста на клетките кои еден ден би можеле да бидат вратени назад во телото, на пример при трансплантација на матични клетки.

Можноста да се гледа во внатрешноста на клетките кои потоа повторно би се враќале во нивните биолошки „домаќини“ може да доведе до создавање на нови третмани за болестите како канцерот, да овозможи создавање на пореални синтетички органи, па можеби и еден ден да ни помогне подобро да го разбереме процесот на стареење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...