Можно претходно постоење на комплексен живот на земјата

Нова студија сугерира дека комплексни форми на живот можеби постоеле на Земјата многу време пред да се појават повеќеклеточните организми со кои што сме запознаени денес.

Генерално се смета дека еволуцијата на комплексни форми на живот е ретка појава – еднаш на 4.5 милијарда години. Но, новите истражувања велат дека постоеле добри услови за комплексни форми да еволуираат и изумрат најмалку еднаш досега, а можеби и неколку пати.

Земјата постои околу 4.5 милијарди години, а пред околу 3.7 милијарди години, додека планетата била сè уште „свежа“, се појавиле бактериите и архибактериите. Овие едноставни, едноклеточни организми преживеале милијарди години, кога пред 1.75 милијарди години се појавиле еукароитите, чие фамилијарно дрво ги опфаќа сите комплексни организми на планетата, вклучувајќи ги животните (сосе нас), билките, габите и протистите (организми кои не се животни, билки, ниту габи).

Сè уште се дебитира како точно еукариотите се појавиле, но најприфатена хипотеза е таа дека тие настанале кога архибактериите ги проголтале бактериските клетки, при што двете создале симбиотска врска која им овозможила да функционираат заедно и да се претворат во по комплексен организам. Со тек на времето, таквата бактерија се претворила во митохондрија каква што може да се најде во нашите клетки денес.

Без разлика дали ова сценарио е точно или не, истражувачите сметаат дека претходно еукариотите не постоеле бидејќи во атмосферата немало доволно кислород – тој почнал да се создава благодарејќи на цијанобактериите, а нивоата погодни за опстанок на комплексен живот не биле создадени до пред 1.6 билиони години.

Сега, нова студија од Универзитетот во Вашингтон пронашла докази дека имало доволно кислород во атмосферата на Земјата во периодот пред 2.4 - 2 милијарди години, пред неговото ниво повторно да опадне, што сугерира дека состојките за комплексен живот биле присутни пред да се појават првите фосилни докази за еукариотите – но истражувачите не знаат што точно се случило за да ги снема.

За да го истражат тоа, тимот истражувачи ги анализирал трагите од хемискиот елемент селениум заробени во делови од седиментни шкрилци кои датираат од пред 2.4 – 2 милијарди години, за да видат дали тој бил оксидиран – што било потврдено.

Пред нивото на кислород во атмосферата повторно да опадне, немало доволно време да се развие некој позначаен комплексен живот, а и тој што се развил изумрел коа тоа се случило. А зошто се случило – науката сè уште нема конкретен одговор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како се чуствуваше при првиот скок со подобран?
- Како птица. Летам и серам, летам и серам...
* * *

Се натпреварувале Русин, Американец и Македонец чив национален алкохолен...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска...
Верски календар
Свети Агапиј беше виден граѓанин на палестинскиот град Кесарија во времето кога во овој град христијаните ги гонеше некој си управник Урбан. Овој постојано ги изнесуваше...
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...