Материјал кој имитира периостеум

За прв пат, истражувачите создале „паметен“ материјал кој го имитира периостеумот, специфичен тип на човечко ткиво, поточно мембрана која ги покрива сите коски, со исклучок на зглобовите, и има одредени специјални карактеристики.

Според тимот од Универзитетот од Нов Јужен Велс во Австралија, процесот кој го користеле е следниот: со користење на специјален систем за 3D приказ, тие ја мапирале архитектурата на ткивото, ги зголемиле клучните компоненти, и изработиле прототипи од новиот „паметен“ материјал.

За создавање на материјалот, била користена комбинација од колаген и еластин – два исклучително важни протеини во биолошкото ткиво. Но, се појавил проблем – влакната добиени на овој начин биле премалечки за да се вклопат во „разбојот“ со кои се правела мрежата. Така, бил искористен еластичен материјал кој го имитирал еластинот, и свила која го имитира колагенот, што резултирало со разни прототипи кои ги реплицирале карактеристиките на периостеумот, поточно неговата издржливост на стрес и затегнатост.

Истражувачите велат дека со оваа техника може да се создадат разни видови на материјали – на пример, еден производител на автомобилски гуми смета дека негова титаниумска верзија може да се искористи за создавање на потенки и поцврсти гуми.

Долгорочниот план/цел е да се креираат лабораториски биолошки ткива со кои би се заменувале и „поравале“ истрошените зглобови, а би ги имале биолошките, архитектуралните и механички карактеристики на периостеумот.

Со ваквиот материјал би можеле да се изработуваат и заштитни одела кои би се зацврснувале при удар, со што би ја заштитувале од повреди личноста која ги носи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...