Изумрени видови на животни кои научниците сакаат повторно да ги вратат

Низ текот на милениумите, животните изумирале од разни причини – некогаш тоа било поради промени во климата, а некогаш поради човечка интервенција.

Напредокот во науката, поточно во биотехнологијата, може да им овозможи на научниците да вратат некои од овие видови на животни „во живот“, но в предвид треба да се земат одредени критериуми бидејќи тоа ќе има големи биолошки и еколошки импликации.

Научниците мораат прво да покажат дека врстата која сакаат да ја вратат ќе има важна еколошка функција, а мора да се смета и на тоа дали се има пристап до ткиво кое би дало квалитетни примероци на ДНК.

Најважно од сè е животните да можат да се прилагодат на животот во дивината, за што од голема важност се адекватните живеалишта, храна, и лимитиран контакт со луѓето.

За жал, диносаурусите не спаѓаат во ниедна од категориите на животни кои би биле корисни повторно да се „оживеат“, но затоа на листата има многу други:

1) Каспискиот тигар

Овој вид на тигри можеле да се најдат во Турција и низ многу земји од Централна Азија, но изумреле во 1960-тите. Некои научници сакаат да ги вратат така што скоро идентичните Сибирски тигри би ги навикнале да живеат на овие локации, каде што лесно би се адаптирале.

2) Ауроч

Ова е предок на домашниот добиток кој живеел во Европа, Азија и Северна Африка. Научниците сакаат да го вратат овој вид преку селективно размножување на врстите домашен добиток кои имаат негова ДНК, процес започнат уште во 2009-та.

3) Додо

Додо е можеби најпознатото истребено животно – оваа врста животни еволуирала без природни предатори, но кога луѓето стапнале на нивното „домашно“ острово Маврициус, ги убиле сите примероци за храна. Во 2007-ма, научниците го пронашле досега најсочуваниот скелет на Додо, кој може да содржи вредни ДНК примероци.

4) Влакнест мамут

Трупови на влакнести мамути биле замрзнати и сочувани, што им овозможило на научниците пристап на многу добро сочувана ДНК.

Последната изолирана популација на овие мамути живеела на островот Врангел во Арктичкиот Океан до пред 4000 години, но научниците сè уште не се сигурно што го предизвикало нивното истребување.

5) Влакнест носорог

Овие носорози биле вообичаени за Европа и Азија , имале дебели нозе и крзно што им овозможило да го преживеат студеното опкружување за време на леденото доба. Како причина за нивното истребување се наведуваат луѓето, кои ги ловеле за храна и облека.

6) Тасманиски тигар

Тилацинот, или Тасманискиот тигар живеел во Австралија и Нова Гвинеја, а пред да изумре во 1930-тите можел да се најде само во Тасманија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...