Пронајден фосил на видра голема колку волк

Истражувачи откриле остатоци од гигантска видра во Кина, која доколку би била жива би била со големина на волк. Фосилот припаѓа на нов вид на видра позната како Siamogale melilutra , која живеела во слатководните езера пред околу 6 милиони години.

Докази за гигантски видри биле откриени и порано, но само во форма на неколку расфрлани заби пронајдени во Тајланд. Последново откритие се состои од комплетен череп, долна вилица, заби и други скелетни парчиња, што даваат индикации за масивната големина на овој вид на животни.

Моментално, најголемиот жив вид на видри (кои живеат на реката Амазон) се големи околу 1.8 метри и тежат околу 32kg, додека античката кинеска видра би била дупло поголема од тоа. Истражувачите пресметале дека таа би тежела околу 50kg, што би значело дека е најголем вид кој постоел досега.

Според анализа на вилицата и забите на пронајдениот фосил, било заклучено дека нивната исхрана се состоела од големи школки и мекотелци, чии фосилни остатоци исто биле пронајдени во истиот слој на карпа каде што била пронајден и черепот.

Истражувачите исто така успеале да ја реконструираат околината во која живееле овие видри, опишувајќи ја како „мочуришно и плитко езеро со густа вегетација“ – далеку од шумите во кои живеат модерните големи видри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...