Специфичен метал кој спроведува електрицитет, но не и топлина

Истражувачи идентификувале метал кој спроведува електрицитет но не и топлина – што е контрадикторно на законот на Видеман-Франц, кој вели дека спроводниците на електрицитет се пропорционално добри спроводници на топлина, што е причина за моторите и домашните апарати да се загреваат при подолго користење.

Тимот американски истражувачи докажал дека тоа не е случајот со материјалот ванадиум диоксид (VO2), за кој досега била востановена неговата чудна способност да се префрла од проѕирен изолатор (на температура од околу 30°C) во кондуктивен метал на температура од 67°C, способен да рефлектира инфрацрвена светлина притоа останувајќи транспарентен за видливата светлина.

Не само што ова ново неочекувано својство ќе го промени она што го знаеме за спроводниците, туку може да биде и исклучително корисно – ваквиот метал еден ден ќе може да се користи за конвертирање на топлината од моторите и уредите назад во електрицитет, или пак за креирање на заштита за прозорци кои би ги држеле градбите помалку топли во внатрешноста.

Истражувачите веќе знаат за неколку други материјали кои спроведуваат електрицитет многу подобро отколку топлина, меѓутоа тие карактеристики ги имаат само на температури стотици степени под нулата, што ги прави непрактични за секојдневна употреба. Од друга страна, пак, ванадиум диоксидот ја спроведува топлината на температури далеку над собните, што го прави многу практичен.

Кога тој бил помешан со други материјали, количината на електрицитет и топлина кои ги спроведувал можела да се нагодува по желба – на пример, кога на него бил додаден тунгстен, температурата при која тој се претворал во метал била намалена, а и подобро спроведувал топлина.

Ванадиум диоксидот и материјалите кои би се добивале во комбинација со него би можеле да се користат за ефикасна и автоматска дисипација на топлина во жешките лета (поради високата термална спроводливост), но и за спречување на губитокот на топлина во студените зими поради слабата спроводливост при ниски температури.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца пијани на улица фаќаат поп, го качуваат на покривот на една зграда и го фрлаат. Се расплескува попот на земја, а едниот пијаница коментира:
- Ти реков јас дека не е...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица -...
Верски календар
свештеномаченик Артемон. Свети Артемон пострадал за време на прогоните од страна на императорот Диоклецијан. Живеел во Лаодикија, а оттаму под стража бил одведен во Палестинска...
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...