Пронајдено меко ткиво во фосил на диносаурус

Кога научниците откриваат коски и останати цврсти објекти кои биле закопани, често пати наоѓаат делови од органски материјал на нив. Но, ништо што досега е откриено не се споредува со староста на протеините откриени во фосил на диносаурус стар 195 милиони години.

Тие се за 100 милиони години постари од фрагментите колаген пронајдени во коска на хадросаур во 2009-та год., и можат да ни дадат уникатен поглед во биологијата на диносаурусите кои ја населувале Земјата во тој период.

Откритието го направиле истражувачи од Универзитетот во Торонто од ребро на диносаурусот Луфенгосаурус, кој бил тревопасен и со долг врат и живеел во југозападните делови на Кина за време на почетокот на Јура периодот

Со помош на колеги од Кина и Тајван, истражувачите користеле синхотрон машина за анализирање на фосилните примероци – тоа е уред кој користи инфрацрвена спектроскопија за идентификување на материјалите, во овој случај на колаген и на протеини богати со железо, без притоа да ги контаминира примероците.

Да се најде било каков материјал од меко ткиво е исклучително ретко, бидејќи тој природно се распаѓа во земјата.

Научниците не се сигурни зошто некои протеини и колаген биле способни да преживеат толку долго, но во овој случај тие сметаат дека крвните садови помогнале да се формира „затворена комора со микро големина“ која го изолирала материјалот од надворешните влијанија.

Една од работите кои ова ново откритие има потенцијал да ги разјасни е одговорот на прашањето зошто некои диносауруси еволуирале во видови на птици кои и денес ги има на Земјата, што се смета дека се случило за само 10 милиони години – што е исклучително краток период во еволуционистички термини.

Сепак, количината на органска материја од ваков тип не е доволна да обезбеди ДНК од диносаурус, бидејќи таа природно се распаѓа за околу 50-тина години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...