Простетика која детектира нервни сигнали

Тим биоинженери развиле простетичка рака која е способна да детектира нервни сигнали во ‘рбетниот мозок. Пациентите преку замислување дека ја контролираат сопствената фантомска (непостоечка) рака, креирале електрични сигнали во рбетните моторни неврони кои сензорите на простетичкат рака можеле да ги детектираат и користат како команди.

Роботските простетички раце кои се моментално на располагање се контролираат така што пациентите ги грчат преостанатите мускули во нивните раце или рамена - таа технологија е релативно едноставна и може да врши една до две команди, а тие ограничувања имаат доведено до глобално намалување на таквиот тип простетика за 40-50%

Новата простетика е потенцијално способна да врши многу повеќе команди поради користењето на сензори кои детектираат нервни сигнали – разни истражувања сугерираат дека сигналите испратени од рбетните моторни неврони можат да бидат детектирани многу подобро отколку сигналите од мускулните влакна, што отвoра пат на роботската простетика многу попрецизно да ги контролира движењата.

Истражувачите лабораториски експериментирале со 6 доброволци чии раце биле ампутирани или од рамото надолу, или над лактот. По тренинзите со физикална терапија сите шест души биле способни да прават многу по обемен број на движења отколку што тоа било возможно со класичната простетика контролирана со контракции на мускулите.

Доброволците поминале хируршка процедура во Медицинскиот универзитет во Виена, која вклучувала пренасочување на делови од периферниот нервен систем поврзани со движењата на рацете и шаките, до здравите мускули во нивното тело. Во зависност од типот на ампутација, ова пренасочувањето било или кон пекторалните мускули во градите, или во бицепсот на раката.

Истражувачите велат дека сегашниот прототип ќе биде подложен на усовршување, и дека на пазарот би можел да се појави во наредните 3 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...