Кој е планот доколку човештвото оствари контакт со вонземјани?

Поголем дел од човечката историја сме гледале кон небото и сме се запрашувале дали постои живот таму во Вселената, а како што технологијата напредува, станува сè повеќе возможно дека ова прашање еден ден ќе биде одговорено. Но, вистинското прашање е дали сме подготвени за импликациите кои тие одговори би ги донеле?

Неколку групи низ светот инвестирале време, напор и ресурси во развивање на научни протоколи за проценка на веројатноста од постоење на вонземски живот, кои, секако, ниедна светска нација формално ги нема прифатено, но тие постојат.

На пример, Дрејковата формула предложена од астрономот Френк Дрејк во 1961, во суштина обезбедува дефиниција која математичарите би можеле да ја користат за да ја одредат веројатноста за постоење на живот во Вселената. Таа вклучува 7 варијабли кои даваат некоја хипотетичка проценка, бидејќи за ниедна од нив не постои дефинитивно потврден податок.

Да речеме дека технолошкиот напредок ни даде способност точно да ги пополниме сите варијабли на Дрејковата формула и се испостави дека посета од вонземјани е неизбежна. Што би се случило потоа?

Организацијата SETI („Потрага по вонземска интелигенција) има цела листа од протоколи кои би се применувале при контактирање со форма на живот од други планети, вклучувајќи нешто што се нарекува (мерна) Скала Рио.

Оваа скала се состои од три варијабли: самиот феномен, начинот на кој што е откриен и на која далечина се наоѓа, и е објективен индикатор за кредибилитетот на ваквите настани (доколку/кога ќе се случат). Така на пример, доколку медиумите не се придржуваат на оваа скала објават дека вонземјани искомуницирале со нас пред научниците да ги имаат сите факти, може да настане масовна паника помеѓу населението.

Договорот за принципи кои се однесуваат на активностите на државите во истражување и употреба на Вселената, вклучувајќи ја Месечината и другите небесни тела вели дека генералниот секретар на Обединетите Нации е тој кој што формално може да комуницира во случај на контакт со вонземјани, доколку таа информација ја добил преку валидни канали.

Се разбира, сето ова е хипотетичко – многу од работите кои сметаме дека ги знаеме за „вонземјаните“ не доаѓаат од цврсти докази туку од некоја наша фикционална замисла за нив и нивната интеракција со нас. Барајќи ги одговорите во врска со вонземјаните, лесно можеме да пронајдеме одговори за самите себе кои воопшто не сме ги ни барале.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Скопје
Н/А
Нема
Скопје
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Се јавува жабок на гатачка по телефон и ја прашува за својот љубовен живот, а таа одговара:
- Ќе сретнеш многу убава жена која ќе сака да ја осознае твојата внатрешност.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Магливо со врнежи од слаб дожд има на планинскиот превој Ѓавато. Во клисурите и засеците можна е појава...
Верски календар
апостол Онисим. Онисим беше малоазиец и живееше во апостолско време. Тој е оној Онисим што се спомнува во посланието на апостол Павле до Филимон. Имено, тој бил роб на Филимон,...
На денешен ден
274.- Во Наисус (денес Ниш) е роден Константин...
1525.- Последниот ацтечки цар Куаутемок по долго...
1533.- Роден е Мишел Монтењ, француски...
1825.- Потпишан е Договор меѓу Русија и Велика...