Огромна карпа богата со јаглерод пронајдена под Јелоустоун

Стотици километри под супервулканот Јелоустоун се наоѓа масивна грутка од растечена карпа богата со јаглерод – таа зафаќа површина е околу 1.8 милиони квадратни километри и се наоѓа во горниот регион на планетата кој е делумно растопен и се состои од стопени карбонати – тип на карпи кои во себе содржат многу јаглерод.



За споредба, во 2011 количината ја јаглерод испуштена во атмосферата била околу 11 билиони тони, а новооткриениот резервоар имплицира дека горниот регион на Земјата содржи 10 000 пати повеќе јаглерод од тоа, заробен во форма на јаглерод диоксид гас (CO2 ).

Ослободување само на 1% од CO2 во атмосферата би било еквивалентно на согорување на 2.3 трилиони барели нафта, што е околу 325 пати повеќе отколку годишната потрошувачка на нафта во САД.



Овој јаглерод полека ќе си го пронаоѓа патот кон површината преку вуклански ерупции, но нема апсолутно никаква потреба да се загрижуваме – тој ќе има минимален ефект врз климатските промени кои моментално ги искусуваме, а кои се случуваат 170 пати побрзо во споредба со брзината со која би се случувале доколку човештвото не постои.

За да се открие овој „јаглероден монструм“ кој се наоѓа под нашите стопала, тимот истражувачи користеле огромна мрежа од сеизмички сензори.

Сеизмичките бранови патуваат со различни брзини под различни агли низ мноштво материјал, што значи дека истражувачите можат да ги користат таквите бранови да одредат од што се состои внатрешноста на нашата планета.



Под западниот дел на САД се наоѓа огромен подземен делумно растопен резервоар од течен карбонат – кој е резултат од движењето на една од тектонските плочи на Тихиот Океан под него. Кога една тектонска плоча е присилена под друга, започнува процес наречен субдукција, кој произведува огромни количини од густа магма полна со гас, што е причина за најексплозивните светски вулкани како што е Св. Елена. При овој процес, дд време на време, во горниот регион на Земјата се создаваат чудните форми на растопени карпи исполнети со јаглерод, како онаа откриена под Јелоустоун.

Сега засега не постои никаков доказ дека овие „јаглеродни вуклани“ ќе се појават на површината, туку поверојатно е дека ќе има серија на многу гасовити „конвенционални“ експлозивни ерупции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...