Возможно проодување со нов вид на електроди во мозокот

Мозочно-компјутерските интерфејси (BCI) денес се развиени повеќе од било кога, овозможувајќи мислите да бидат претворени во машински команди, давајќи им надеж за подобра иднина на луѓето кои боледуваат од невродегенеративни заболувања, или на оние кои користат протетика.

BCI се во вид на чипови кои се имплантираат во мозокот, и чии електроди се поставуваат на неговата површина со цел да ги примаат и испраќаат сигналите од мозочните хемикалии познати како невротрансмитери. Но денешните најмодерни електроди се направени од тенок филм од платина, и со тек на времето се подложни на корозија.

Центарот за сензомоторен неврален инженеринг (CSNE) – кој е партнерство помеѓу државниот универзитет од Сан Диего, универзитетот од Вашингтон, и MIT – работи на подобрување на оваа технологија.

Неговите истражувачи, наместо од платина, развиле електроди создадени од форма на јаглерод наречена „стаклест јаглерод“, кој е способен да прима и испраќа многу почисти сигнали, а бидејќи е 10 пати помазен од филмот платина, електричната стимулација го кородира многу побавно, правејќи го потраен од платината или било кој друг материјал од кој што се изработуваат електроди.

Една од потенцијалните употреби на BCI изработени од новиот материјал е со нивна помош да се предизвика растење на нервни клетки во ‘рбетниот столб, кои би ги замениле оштетените ткива, што потенцијално би можеле да овозможат на пациенти со разни повреди на столбот повторно да проодат. Биле правени експерименти врз глувци за да се провери дали ова растење може да биде предизвикано со прецизно калибрирана електрична стимулација, при што било заклучено дека тоа не било воопшто лесно без новиот вид на електроди – додека со нив тие лесно можеле да ги детектираат, стимулираат, и читаат електричните сигнали од невротрансмитерите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...