Безжичен пренос на струја осмислен во лабораториите на Дизни

Скоро секој електронски уред денес има опција за функционира безжично, но кога станува збор за напојувањето на електричните уреди, сè уште сме „врзани“ со кабли. Безжичното полнење е достапно само за помали уреди како смартфони, па дури и тогаш постојат лимитации – уредот мора да е поставен на подлога за полнење, што значи дека притоа не може да се користи.

Сега, истражувачи од Disney Research демонстрирале нова метода за полнење на електронски уреди наречена квазистатична резонанца низ празнина (QSCR – quasistatic cavity resonance), која дозволува електрицитетот безжично да се пренесува низ соба, овозможувајќи истовремено користење на уредите кои што се полнат.

QSCR функционира на сличен начин како што WiFi hotspot-ите овозможуваат безжичен интернет. За да го демонстрираат овој систем, тимот истражувачи изградил соба со димензии 5 x 5 метри, со алуминиумски ѕидови и кров, и алуминиумска рамка на подот. Ентериерот потоа бил исполнет со магнетни бранови кои симултано можеле да напојуваат мобилни телефони, вентилатори и светла без потреба од било какви кабли или подлоги за полнење – поточно, преку индуцирање на електрични струи во метализираниот ентериер, се генерирале униформирани магнетни полиња кои биле пренесувани во калемите во уредите кои работеле на истата резонантна фреквенција.

Симулациите покажале дека со оваа метода може ефективно да се пренесат 1.9 киловати енергија, која би можела целосно да наполни 320 смартфони.

За да оваа технологија стане комерцијално достапна нема да има потреба од конструирање на нови метални простории, бидејќи истражувачите веруваат дека можат да ја усовршат да функционира во простории со значително редуциран број на метални елементи. Тие сметаат дека во иднина во просториите ќе можат да се додаваат модуларни метални панели, да се користи боја која спроведува електрицитет, или да се инсталираат бакарни шипки со кои би се постигнал истиот резултат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...