ПРОНАЈДЕН Е ДОКАЗ

Зомби гени активни и после смртта?!

Познато е дека некои телесни функции продолжуваат и после смртта, а тим истражувачи од универзитетот во Вашингтон пронашле доказ дека нашата перцепција за сето она што се случува на телото по смртта е далеку од точна. Тие увиделе дека не само што генетската активност продолжува кај мртвите глувци и зебрестите риби, туку станува хиперактивна.

Тимот решил да ја студира генетската активност на труповите откога открил дека сличен феномен се случувал кај човечките трупови повеќе од 12 часа по смртта. Кај глувците, 515 гени биле забележани како функционираат со полн капацитет до 24 часа по смртта, а кај зебрестите риби тој број изнесувал 548, пред да покажат знаци на распаѓање.

Гените вклучени во овој процес не биле случајни – туку од оние кои се активираат во итни случаи, како на пример кога има потреба за брзо активирање на имунолошкиот систем за да се справи со стрес.

Феноменот бил откриен кога флуктуирачки нивоа на mRNA биле детектирани во клетките на труповите, што имплицирало дека повеќе гени биле активни.

Некои од овие гени биле идентификувани како оние кои се активни за време на развојната фаза на формирањето на ембриони, кои потоа се „заспани“. Очигледно, тие повторно се активираат по смртта, како да очајно пробуваат да го реанимираат трупот.

Лошата страна е што кога овие гени од ембрионската фаза повторно се активираат, тие промовираат и растење на рак – што го објаснува зголемениот ризик за развивање на оваа болест кај примателите на органи кои потекнуваат од починати донори.

И покрај доказот дека вакви „зомби“ гени постојат, феноменот не е доволен за да ги реанимира мртвите, туку студијата е фокусирана на разбирање и развивање на подобри методи за трансплантација на органи, имајќи ги в предвид ризиците поврзани со тоа.

Заклучокот е дека најверојатно можеме да добиеме многу информации во врска со животот со студирање на смртта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Перо и Митра водат лјубов на кревет. Перо легнат на грб, а Митра му го пусхи.По 15 минути поцнува Перо да вика:
-Митрооо, дувај Митро!
-Сто е бе Перо схо те маци?
-А мори дувај...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
свештеномаченик Тимотеј. Во четвртиот век свети Тимотеј беше епископ на градот Пруса (во денешна Турција). Имаше достигнато таква внатрешна чистота, што Бог му даде дар на...
На денешен ден
1633.- Судот во Рим, составен од црковни лица, го...
1668.- Во Неапол е роден Џовани Батиста Вико,...
1915.- Во Прилеп е роден Кузман Јосифовски-Питу,...
1995.- Во Ла Џола, во САД, умре Џонас Салк,...