Дали можеме да воскреснеме диносауруси и неандерталци?

Научниот свет периодов дискутира околу возможното „воскреснување„ на влакнестиот мамут, а др. Мичио Каку, професор по теоретска физика од градскиот колеџ во Њујорк се прашува што би се случило доколку би клонирале неандерталец или диносауруси, базирано само врз нивните геноми.

Џорџ Чурч, генетичар и директор на Чурч лабораторијата на универзитетот во Харвард, верува дека клонирање на неандерталец е возможно, и дека за тоа би била потребна жена која би била сурогат. Со денешната технологија за матични клетки и комплетираната секвенца на неандерталскиот геном, потенцијалот за клон е возможен.

Неандерталците изумреле пред десетици илјади години, и клонирање на еден таков и покрај привидната „леснотија“ со која што тоа би се извело би бил огромен подвиг, но што е со диносаурусите кои живееле пред 65 милиони години? Др. Каку признава дека клонирање на диносаурус не би било воопшто лесно, што не значи и дека е невозможно.

Тој вели дека протеините пронајдени во меките ткива од коските на диносаурусите се слични како оние на кокошките, жабите и рептилите, што ја потврдува теоријата за нивната меѓусебна поврзаност. Според него, со користење на суперкомпјутери, би можела да се создаде генетската секвенца која би креирала теоретски потенцијал за клонирање преку епигенетика (проучување на промени во организмот предизвикани од промена на генетската експресија, а не од промена на самиот генетски код)

Кога станува збор за клонирање на мамути или диносауруси, ограничувањата се во главнотехнички. Кај неандерталците, пак, постои додатен елемент: етика. Др. Каку се прашува што би се случило откога би се родило дете-неандерталец? Дали би се држело во заробеништво како некој вид на животно во зоолошка градина? Дали цел живот би се проучувало? Што ако неандерталците се природно агресивни – дали во тој случај детето постојано би требало да е под дејство на лекови или да му е ограничено движењето? Дел биоетичари сметаат дека генетската разновидност би била позитивна за човечкиот род, додека други сметаат дека самиот чин на клонирање на неандерталец е премногу нехуман дури и како (потенцијално неуспешен) обид.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...