Чудо од јаболко на кое расте човечка кожа

Биофизичарот Ендрју Пилинг и неговиот тим од Универзитетот во Отава успеале да создадат јаболко способно на себе да расте човечки клетки преку биохакирање на овошјето.

Тимот, според неговите зборови, тоа го постигнал релативно едноставно. За да го отстранат клеточниот материјал од јаболкото, тие го потопиле во зовриена вода и течен сапун за садови – што како резултати ги отворило клетките на јаболкото. Откога тоа било испрано од клеточниот материјал, она што останало од него бил ригиден целулозен „скелет“, а просторот кој претходно ги содржел клетките од јаболкото бил исполнет со клетки од цицачи.

Успехот на оваа техника бил демонстриран во неколку наврати. На пример, тимот изрежал јаболка во форма на човечки уши и потоа на нив им додал кожни клетки, при што крајниот резултат бил исклучително реалистичен.

Методата на Пилинг, се подразбира, е во рана развојна фаза и моментално не може да се тестира врз луѓе. Тимот го тестирал врз глувци, каде целулозен „скелет“ им бил вбризган под кожата. Зачудувачки, тие не покажале никаква несакана имунолошка реакција на инфузијата и за неколку месеци нивното тело почнало да ги исполнува празнините од целулозата со сопствени клетки и вбризганиот материјал станал дел од ткивото.

Потенцијалните медицински примени на овој метод би биле во регенеративната медицина, како „скелети“ врз кои би се додавале графтови од кожа, или коски. Моментално за тоа се користат материјали од колаген добиен од човечки трупови, што е скап процес кој чини $1000 за малечко делче. Новиот материјал кој би бил подеднакво квалитетен би чинел фракција од денар.

Пелинг и неговиот тим гледаат потенцијал за употреба на овој метод и со аспарагус и ливчиња од роза, кои би се користеле како биоматеријали за поправка на коскени или нервни оштетувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кои се најскапо платени возачи во светот?
.............
Михаил Шумахер, Мика Хакинен и Марјанчо Коневски
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
маченица Харитина. Во детството остана сираче. Ја посвои некој угледен човек и христијанин Клаудиј и ја воспита како своја ќерка. Харитина растеше зацврстувајќи се во Христовиот...
На денешен ден
1469.- Кралицата Исабела од Кастиља се омажи за...
1685.- Францускиот крал Луј XVI го поништи...
1697.- Роден е италијанскиот сликар Џовани...
1859.- Во Париз е роден Анри Бергсон, француски...