Претворање на вода во гориво

Изминатите неколку декади, фосилните горива станаа основа на скоро сите светски индустрии, но исто така се и главен причинител за човечки предизвиканите климатски промени. За среќа, работите почнуваат да се менуваат и фосилните горива се употребуваат помалку благодарејќи на новите извори на обновлива енергија.

Алтернативен извор на енергија со одличен потенцијал е соларната, а една нејзина варијација е соларното гориво, кое се произведува со користење на сончева светлина за да се конвертира вода или јаглерод диоксид, во запаливи хемикалии. Меѓутоа, овие реакции како создавање на водород преку расцепување на водата не се возможни само со сончева светлина, бидејќи се потребни материјали за ефикасно да го олеснат тој процес.

Научниците работат на создавање на практични соларни горива со развивање на евтини и ефикасни материјали кои би служеле како фотоаноди – тие се слични на анодите во батериите и го активираат производството на соларно гориво со овозможување на проток на електрони за време на процесот. Научници од одделот за енергија од Националната лабораторија Лоренс Беркли успеале успешно да го дуплираат бројот на потенцијални фотоаноди за само две години.

Сега, истражувачи од Калтек и Беркли развиле нов, побрз метод за идентификување на нови материјали кои би се користеле како фотоаноди, и со него пронашле 12 нови кандидати.

За да тоа го постигнат, тимот комбинирал компјутерски и експериментални приоди. База со податоци од материјали се пребарувала за корисни состојки, за што биле користени стотици теоретички калкулации вршени од компјутерите на NERSC (националниот компјутерски центар за енергетски истражувања). Штом најдобрите кандидати за фотоанодна активност биле идентификувани, тие материјали се испраќале во лабораторијата.

Таму, материјалите симултано биле тестирани за анодна активност под различни услови со помош на експериментирање, и било откриено дека состојки кои содржеле ванадиум, кислород, и трет елемент, имале лесно конфигурирачка електронска структура која ги правела идеални за оксидација на вода.

Ваквиот тип на истражувања овозможува изнаоѓање на нови начини за користење на водата – која е најзастапен ресурс во светот - како енергетски извор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Слушнал Мујо дека тестисите од мајмун се многу скапи,
па му рекол на Хасо :Ај да уловиме некој мајмун и да
му ги продадеме тестисите? Се согласиле, набавиле пушка
и ловечко...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Денеска поради штрајк на грчката царинска служба, сообраќајот на ГП „Дојран“ ќе биде во прекин во времето од 5 до 23...
Верски календар
апостол Тома. Свети апостол Тома е познат меѓу народот по неговото неверување, но на малку луѓе им е јасно дека се работи за сомнеж во воскреснатиот Христос како Спасител. Во...
На денешен ден
1216.- Умре англискиот крал Џон Без Земја,...
1735.- Роден е Џон Адамс, втор по ред...
1745.- Во Даблин умре Џонатан Свивт, најголем...
1812.- Францускиот цар Наполеон I нареди...