Дали науката може да создаде бесмртни луѓе?

Неизбежноста на стареењето може да биде уште една биолошка теорија која научните достигнувања ќе ја „пензионираат“ во блиската иднина, бидејќи некои научници денес сметаат дека долговечноста може да се промени во наша корист.

Иако постојат неброено теоретски идеи и иницијативи за избегнување на смртта, многу од стратегиите кои се развиваат денес спаѓаат во една од двете категории: биомедицински и технолошки.

За да се добие биолошката борба против смррта, мора да почнеме со разбирање на „непријателот“. Стареењето е процес кој започнува на клеточно ниво – како начите клетки се делат, нивната ДНК и функционалност полека се разбива, создавајќи подложност на разни оштетувања и болести. Многу години, научниците се надевале дека теломерите може да се клучот за запирање на стареењето, но овие „капачиња„ кои ја штитат нашата ДНК се покажале покомплексни отколку што се сметало во почетокот.

Кога биолозите откриле дека нашите теломери се „трошат“ како што старееме, тие теоризирале дека зголемувањето на должината на овие нишки од заштитна ДНК исто така би можеле да ги продолжат и нашите животи – можеби и бесконечно. Но, подоцна се покажало дека тоа не е точно, и дека предолгите теломери имале негативни последици, како канцерот.

Во исто време, технологијата за едитирање на гените е исклучително напредната – револуционерните процеси како како CRISPR/Cas9 им овозможиле на научниците да прават таргетирани генетски промени во живи клетки на цицачи, што дури успеало и да спаси мало девојче од канцер.

Генетскиот инженеринг е едно од многуте медицински достигнувања кои се користат за продолжување на нашите животи. Меѓутоа, некои научници го гледаат човечкото тело само како еден вид на „возило“ за умот кое не треба да се поправа, туку да се замени.

Технологијата е потполно интегрирана во модерниот живот, притоа станувајќи екстензија на нејзините корисници. Можеме да дизајнираме сервери, па дури и механички тела, кои ќе траат многу повеќе отколку нашите биолошки тела- со што е родена идејата за зачувување на човештвото преку потенцијално спојување на човекот и машината.

Според предвидувањата на Елон Мас, во блиската иднина тој би можел да создаде „нервна чипка“, уред кој би го подобрувал и би растел заедно со нашиот мозок. Штом компјутерите ќе бидат во постојана интеракција со нашите умови, би постоела шанса тие да можат и да ги складираат умовите со што би се создал еден вид на бесмртност – доколку би биле способни „бекапот“ од нашите умови да го префрламе во роботски тела, или компјутери.

Визионерите како Елон и компаниите кои сакаат да ја постигнат човечката бесмртност, не присилуваат да ја преиспитаме сопствената смртност: како животот би изгледал без смрт? Која цена сме спремни да ја платиме за уште 100 или 1000 години живот? И во тој случај, што би значело да си „човек“, доколку човечкото тело како такво воопшто не постои, туку умот е „upload“-иран во некоја машина?



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Столе Глупавиот се жали на доктор:
- Докторе, жена ми скроз се мрднала. Чува 20 мачки дома, смрди ко да умрел накој.
- Па, добро, проветрувајте почесто!
- Ма немој, па да...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема...
Верски календар
На денешен ден
331 п.н.е.- На реката Тигар, во Месопотамија,...
480. п.н.е.- Во поморската битка кај островот...
1519.- Португалскиот морепловец Фернандо Магелан...
1833.- Роден е италијанскиот новинар и пацифист...