Создадена нова состојба на материјата

На училиште не имаат учено дека основните состојби на материјата се цврста, течна, и гасовите. Но, она што ретко или воопшто не се спомнува е дека овие состојби не се единствените, и дека во природата има многу повеќе нејзини различности отколку што ги искусуваме во секојдневниот живот.

Кога притисокот и температурата се екстремни, материјата развива неверојатни карактеристики, а физичарите од ETH Zurich и MIT докажале постоење на сосема нова нејзина состојба.

Новата состојба е суперцврста, која ја комбинира регуларната структура на цврстата материја но без вискозноста на суперфлуидите. Оваа состојба во научните записи е опишана како прва суперцврста со ултрастуден квантен гас.

Според зборовите на професорот Волфганг Кетерле, еден од авторите на написите и водач на истражувачкиот тим, контрадикторно е да постои материјал кој ја комбинира суперфлуидноста и суперцврстината – на пример, доколку кафето е суперфлуидно и го замешате, тоа бесконечно ќе се врти.

Тимот од MIT ги започнал експериментите со состојбата наречена BEC т.е Бозе-Ајнштајн кондензат, откриена од Кетерле, која му донела Нобелова Награда во 2001-ва. Оваа состојба може да се постигне на неверојатно ниски температури – неколку билиони степени под апсолутната нула, во ултрасилен вакуум.

Истражувачите потоа ја манипулирале со два ласери со чија помош била креирана кристална структура, додека квантниот гас продолжил да биде суперфлуиден. Во оваа фаза густината на суперцврстиот материјал не е константна, туку се менува.

Научниците се обидувале да ја постигнат оваа состојба на материјата со декади – уште во 1969, британскиот физичар Дејвид Тоулес сугерирал дека суперфлуидната состојба можат да се претвори во суперцврста, и за тоа имало обиди со користење на атоми хелиум, но сите биле неуспешни.

За оваа нова состојба не постои техничка апликација, но научниците сметаат дека ќе им помогне во подобро разбирање на суперкондуктивноста и суперфлуидите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Екипата на Колумбија треба да изведува пенал. Капитенот му вика на еден од најдобрите играчи да го изведе.
- Шефе, те молам немој мене, имам жена и деца.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица -...
Верски календар
апостол Аристарх. На своето второ патување апостол Павле за првпат дошол во Солун. Таму останал три недели, проповедувајќи го Христос во еврејската синагога. Меѓу слушателите,...
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...