Факти што ги учевме во училиште, а повеќе не се точни

Со тек на време, дури и она што некогаш беше точно, се менува. Па така, ако некогаш во училишните клупи сме учеле едно, не треба да значи дека денес тоа сè уште е така. Затоа, проверувајте ги работите од време на време. За почеток, ве уверуваме во неколку факти.

Во минатото: Плутон беше планета
Денес: Плутон не е планета



Во 1800-тите години, знаевме дека постои деветта планета, веднаш по Уран. Во 1930-та година, еден 23-годишник конечно ја откри планетата, чии наоди веднаш беа дадени на испитување во Опсерваторијата на Харвард. Потоа, едно 11 годишно девојче ја нарече планетата Плутон и оттогаш сите знаеме дека токму Плутон е деветта планета во Соларниот систем.

Но, во 2003 година, еден астроном откри поголем објект зад Плутон, кој го нарече Ерис. Новите информации предизвикаа други астрономи да се запрашаат што навистина ја прави една планета да биде токму планета, па тие одлучија базирано според големината и локацијата, дека ниту Плутон, ниту Ерис не одговараат да се во состав со другите планети. Па тогаш, Плутон беше прогласена за џуџеста планета.

Сепак, бидејќи надежта последна умира, некои научници и астрономи се уште дебатираат за ова прашање.

Во минатото: израелските робови ги изградиле пирамидите
Денес: Египќаните работници ги изградиле пирамидите



Дури и во филмовите беше прикажано дека токму израелските робови ги изградиле пирамидите. Некои  сметаат дека и во Библијата се споменува ова, но всушност во Библијата ја нема оваа приказна. Овој популарен мит доаѓа од коментарите на поранешниот Израелски премиер Меначем Бегин, кога го посетил Египет во 1977 година.

Сепак, неодамнешни археолошки откритија покажуваат дека токму Египќаните ги изградиле пирамидите, поточно работници од сиромашни семејства од северот и од југот на земјата, кои биле многу почитувани.

Робовите сигурно немало да бидат вака почитувани.

Во минатото: Превиткување на тоалетна хартија повеќе од седум пати било математички невозможно
Денес: Рекордот е 13 превиткувања



Ова е многу интересно прашање, кое најчесто се труделе да го одговорат многумина. Една од нив е и Бритни Галиван, ученичка од Калифорнија, која купила тоалетна хартија и одлучила сите да ги зачуди кога успеала да ја превитка 11 пати. Сфатила дека секој кој се обидел да превитка премногу се сконцентрирал на наизменично виткање, па дури и развивале равенка според дебелината на хартијата.

Но, некое време, нејзиниот рекорд го срушиле ученици од Масачусетс, кои ја превиткале хартијата 13 пати.

Во минатото: Кинескиот ѕид е единствениот споменик направен од човек кој се гледа од Вселената
Денес: Многу споменици направени од човекот се видливи од Вселената



Ова никогаш не беше точно. Кинескиот ѕид не е единствениот споменик направен од човек кој се гледа од Вселената. Во 2003 година, првиот Кинески астронаут го побил овој мит. Имено, тој не можел да го види ѕидот, но потоа му објасниле дека ѕидот се гледал само под одредени услови.

Освен Кинескиот ѕид, може да се видат дури и светла во некои градови, како и светлата на одредени мостови и аеродроми. Затоа пак, Месечината е сосема друга приказна.

- Единственото нешто што се гледа од Месечината е убава Земјина топка, повеќето бела, на некои места сина и жолта, па тука-таму има по некоја зелена вегетација. Ниту еден споменик изработен од човека не се гледа од ова видно поле, изјави Алан Бин, астронаут во Аполо 12 мисијата.

Во минатото: Постојат пет (или три) кралства на класификации
Денес: Може да постојат осум кралства



Во зависност од тоа кое време сте посетувале средно училиште, најверојатно ве учеле дека постојат три главни кралства на живот – животни, растенија и бактерии – или пет, ако ги вклучите габите и протистите.

Сепак, оттогаш се прошириле.

Колку повеќе видови се откриваат и се анализираат, толку посложен станува животот. Покрај петте кралства, знаеме и за археи, кои се микроорганизми, но се разликуваат од бактериите. Кога ќе се разделат еукариотите постојат уште поголеми кралства на класификации, кои се разликуваат едни од други.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...