Русија прикривала нуклеарни последици полоши од Чернобил?

Казбек Апсаликов, директорот на Рускиот институт за биофизика открил „top secret” извештај за последиците на советски тест на нуклеарни оружја во Казахстан во 1950-тите, и го предал на американски новинари. Извештајот бил во архивите на Рускиот институт за радиолошка медицина и екологија во Семеј, Казахстан.

Иако тестот сам по себе не бил тајна, извештајот открива дека советските научници откриле широко распространета радиоактивна контаминација и болести поврзани со радијацијата околу тест локацијата Семипалатинск, кои со декади ги чувале како тајна од локалното население и остатокот на светот. Таму, во 1956, се случила нуклеарна катастрофа 4 пати полоша од Чернобил во поглед на бројот на случаи на луѓе со радиоактивна болест.

Инаку, на локацијата за нуклеарни проби Семипалатинск (SNTS), позната и како Полигон, биле извршени 456 нуклеарни детонации помеѓу 1949 и 1991, а според извештај од 2014 од Норвешкиот институт за меѓународни односи, 1 милион луѓе имале последици од овие тестови.

Првиот нуклеарен тест кој бил направен на Полигонот со површина од 18 300 km2 била детонацијата на плутониумска бомба на 29 август 1949, која била скоро идентична копија на бомбата која САД ја фрлиле врз Нагасаки 4 години порано.

Во 1963, биле забранети такви „атмосферски“ тестови бидејќи предизвикувале преголема контаминација на околината и изложување на радијација на јавноста, а по таа година сите тестови на SNTS биле вршени во подземни тунели.

Еден тест од 1956 го покрил градот Уст-Каменогорск на некои 400km од Полигонот, по што 638 луѓе завршиле во болница со радиокативна болест – тоа е 4 пати повеќе од 134-те случаи на оваа болест дијагностицирани по Чернобил.

Дури и во 2014, истражувачите сè уште немале пристап до информациите што се случило со сите тие луѓе.

Но сега, со откриениот таен извештај, се испоставило дека советските истражувачи ги испитувале условите во Уст-Каменогорск во 3 различни наврати, и откриле дека по катастрофалниот тест во 1956 нивото на радијација било 100 пати поголемо од дозволеното и било препорачано да се запре јадењето на локалното жито поради контаминација на почвата, но никогаш не се превземало ништо за овој проблем.

Крајниот заклучок на овој извештај било намерно префрлање на вината за промените во нервниот систем и крвната слика на локалното население, за кои се велело дека биле предизвикани од лошите санитарни чворови, „тешката диета“ и болестите како туберкулозата.

Со анализирање на извештајот, се очекува да се разјаснат повеќе детали околу случувањата на Полигонот, и што сè случувало со локалното население во тој период.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...