Третман за зголемена издржливост и опаѓање на влакна

Истражувачи развиле терапија со пептиди која повлекува некои од симптомите на стареење кај глувците, вклучувајќи губиток на влакна и намалената издржливост.

Третманот ги таргетира сенесцентните клетки – оштетени клетки кои се таложат како старееме што доведува до воспалувања и здравствени проблеми. Ако слични резултати се реплицираат и во тестовите врз луѓе, овие пептиди би можеле да формираат основа за нови третмани за болести поврзани со стареењето.

Сенесцентните клетки ја имаат изгубено способноста да се делат, но не изумираат комплетно – како резултат на тоа, се акумулираат и го зголемуваат ризикот од болести.

Според тестовите вршени врз глувци, истражувачите од универзитетскиот медицински центар Еразмо во Холандија откриле дека пептидите ги елиминираат овој вид на клетки со тоа што кај нив го поттикнуваат природниот процес за нивно изумирање наречен апоптоза, додека здравите клетки не ги изложуваат на него.

На биолошко ниво, пептидите функционираат преку блокирање на сигналите помеѓу два протеини наречени FOXO4 и p53, кои кога се во интеракција се клучни за процесот на сенесценцијата на клетките. Затоа, кога тој комуникациски канал ќе се затвори, клетките се самоуништуваат.



По третманот, ефектите кај глувците биле драматични – крзното кое им отпаднало повторно израснало (како што се гледа на сликата кај левиот глушец), се подобрила функцијата на бубрезите, и можеле да трчаат двојно побрзо во однос на нетретираната контролна група. По една година, не биле забележани никакви очигледни несакани ефекти.

Прашањето е дали слични подобрувања ќе бидат видени и кај луѓето, а тимот сака да ја испроба терапијата со пептиди кај луѓето со глиобластом мултиформ мозочни тумори, бидејќи канцерогените клетки имаат слични биомаркери како сенесцентните клетки и истата техника со блокирање на протеините би можела да се покаже како ефективна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...